Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Било да станува збор за недоволно развиен говор, потешкотии при изговор, читање или пишување, родителите и лицата кои секојдневно контактираат со детето (учители, воспитувачи) често не знаат кога треба да се побара помош од логопед.
Првата потешкотија настапува во облик на недоволно развиен говор, па најчесто се поставува прашањето “Зошто моето дете не зборува?” Кога ќе забележат дека детето, кое инаку нормално се развива, премалку, погрешно или тешко се изразува вербално во однос на врсниците, родителите често ги фаќа паника.
Кога детето ќе наполни три години и ќе почне да оди во градинка, родителите добиваат можност да го споредат говорот на детето со говорот на врсниците и тогаш стануваат свесни дека детето има проблем. Тогаш е најдобро да се побара совет од логопед. Важно е што поскоро да се почне со советување или терапија, бидејќи детето во тој период веќе е свесно дека се разликува од врсниците. Слуша но не разбира, или сака да одговори а изговорот му е искривен и неразбирлив, па често се случува околината да не го разбира. Родителите се навикнуваат на говорот на детето, така што почнуваат несвесно да го поддржуваат искривениот начин на говор. Заради тоа детето може да се чувствува несреќно, луто, фрустрирано, поретко да зборува, а во комуникацијата почнува да се потпира на гестикулации.
За што подобро да се стимулира говорната комуникација на детето, важно е покрај логопедот во терапијата активно да учествуваат и родителите или воспитувачите. Улогата на родителите е неизмерно важна, бидејќи тие поминуваат најголем дел од времето со детето. Уште од првите месеци треба внимателно да се слуша детето бидејќи тоа може да каже многу за себе. Во играта на гласови детето многу често доаѓа до напредни комбинации на слогови “мамама” “татата” што родителите често го толкуваат како “гледај, рече мама и тато”. Тој прв збор е многу важен, бидејќи често се нарекува и прв изговорен збор, но само ако има некакво значење. До осмиот месец детето треба да реагира на гласови, да изговара неколку слогови, да испушта гласови кога ќе му се зборува и треба да ја помине фазата од гугање кон вокализација. На возраст од 21 месец треба да изговара барем осум зборови со значење, да имитира звуци, да бара храна и пијалак. Кога детето ќе стане способно да изговара поголем број на зборови, почнува да сфаќа дека зборовите можат да се поврзуваат (“мама дај” “мама вода”). Така детето почнува да се служи со едноставни реченици кои во почетокот не се потполни, но се доволно јасни и разбирливи за околината.
На што треба да се внимава?
Во текот на првите две години детето треба да се стимулира да изговара самогласки и комбинации на самогласки со согласки (ма-ма, та-та, ба-ба, па-па). На децата од втората до четвртата година треба да им се обраќате со јасни и едноставни реченици, но и да го надградувате и проширувате она што го рекле (“Одиме баба” “Да одиме кај баба”). Многу е важно постепено да се проширува речникот на детето и да му се даде можност да прераскажува што му се случило тој, или претходниот ден. Така и родителите можат да влијаат на развојот на говор кај детето.
Децата меѓу три и три и пол години мораат правилно да ги изговараат гласовите: п, б, т, д, к, г, м, н, ј, ф, в, х, л, а, е, и, о, у, додека гласовите с, з, ц, ш, ж, ч, џ, ѓ, р, љ, и њ се толерираат до петтата година.
Ако кај детето забележите некои други отстапувања во говорот како пелтечење или брзоплетост, треба да интервенирате што поскоро. Ако детето е премало за терапија, логопедот ќе Ве посоветува како да се поставите и реагирате. На возраст од три години може да се побара помош од логопед, кој ќе процени дали детето е спремно за терапија, или само ќе ги посоветува родителите.
Ако Вашето дете до поаѓање во училиште немало говорни потешкотии, но учителите забележале дека детето погрешно го држи моливот или не може да поврзи или раздели склоп од гласови (нпр. наместо Т-А-Т-О вели тањир, а наместо М-А-М-А вели маска) потребно е што поскоро да се реагира и детето да се вклучи во терапија. Од таквите проблеми произлегуваат потешкотии во читањето и пишувањето, дислексија и дисграфија.
На таа возраст детето треба да знае дека пишаниот збор е знак за говорот, дека има исто значење и дека треба да се разбере пишаната порака. Ако детето со вакви потешкотии тргне во прво одделение, тие со време ќе станат се позабележливи.
За почеток само совет, а можеби и терапија
Во случај да се потребни говорни вежби, со благовремено откривање на причините и вклучување на детето во терапијата, можат да се отстранат пречките и да се спречи развој на свест за недостатокот. Пред почетокот на терапијата многу е важно да се открие зошто Вашето дете заостанува во говорот од врсниците. Уште при првата средба се проценува неговиот говор и се прави проценка дали е во склад со возраста. Ако се забележат отстапувања, се проверува колкави се во однос на нормалата. Од разговорот со родителите се дознава за условите во кои говорот се развивал или уште се развива. За што подобра тераписка ориентација често се потребни дополнителни испитувања, како што се испитување на слух со ОРЛ преглед, психолошко испитување, невролошки преглед.
Ако Ви се чини дека во оваа статија препознавте проблеми кои го мачат Вашето дете, обратете се кај логопед. Можеби сеуште не му е потребна говорна терапија, но барем ќе добиете корисни совети како да му помогнете на детето да го надмине овој проблем.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?