Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Причините не се секогаш познати но со сигурност настануваат во најраната возраст. Покрај деформитетите на рбетот денес се повеќе се среќаваме со гојазност, хипотрофија на мускулатурата, рамни стапала, деформитети на долните екстремитети. Постојат податоци дека рамните стапала се застапени во 90 проценти од детската популација, а причина e современиот стил на живеење.
Денес децата се физички помалку активни, голем процент се неактивни. Не се играат детски игри во природа и надворешен амбиент. Играњето се сведува на игри на компјутер, лаптоп, телефон и покрај телевизор. Начинот и стилот на животните навики е наполно сменет. Мора да се спомне и одсуството на родителите и трката по финансиска благосостојба, а за децата се има с? помалку време.
![]()
Меѓу причините се и условите во училиштата. Важна улога имаат школските клупи, положбата на седење, осветлувањето, проветрувањето, хигиената, времето поминато на столче. Потребно е одморот меѓу часовите да биде активен. Школските ташни (торби) се ризик фактор за правилно држење на телото со пренапрегнување на одредени сегменти и преголем товат за детската фигура. Положбата секако е важна и во домашни услови како и времето поминато надвор со играње и трчање.
Факторот исхрана дополнително ја преполнува чашата. Денес се храниме претежно со брза храна која не го задоволува дневниот внес на потребните енергетски состојки кои се многу важни за правилен раст и развој на детскиот организам (протеини, минерали, витамини, микроелементи, соли, вода).
Секако најзначаен ризик фактор е физичката пасивност. Недостатокот на физичка активност директно влијае на правилниот развој на мускулите, коските и лигаменто-тетивниот апарат. Наставата по физичко воспитување треба да биде застапена со поголем фонд на часови, а секако и активно учество на децата во истите.
Препорака до секој родител – да биде активен посматрач на своето дете, да го следи будно развојот, активностите и потребите за правилен раст и развој на детето. Доколку се приметат отстапувања да се побара совет, помош или мислење од стручни лица, пред се од докторите (матичен, ортопед, физијатар), потоа од класните раководители и професорите по физичко воспитување.
пишува Д-р Ирина Попдимитрова Митревска, спец. по физикална медицина и рехабилитација
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...