|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се справите со крикот "Го сакам тоа!"

Редакција Рингераја, 1.3.2017
Речиси секој родител се чувствувал немоќен во продавница или на улица, кога детето ќе почне да се бори за живот и смрт за некоја играчка
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 


Најлесно и најнеразумно е да го завршиме спорот со задоволување на желбата на детето за купување. Тоа се смирува до следниот ден, кога пак ќе се најдете пред некој предизвикувачки штанд и тогаш започнува уште понапорна борба.


Најважно е да се навикнете да го одбивате детето. За тоа се бара огромна доза трпение и правилен пристап.
Угодувањето е привремено решение кое е како темпирана бомба. Треба да го преминеме успешно овој период од животот на детето, ако сакаме со тек на време да немаме уште посериозни проблеми и конечно да одгледаме човек кој е вечно незадоволен, ако не биде по негово.

Кога ќе  сакате да му откажете нешто на детето, најдобро не зборувајте со зборовите "Не! Нема да ти купувам ништо!" Поправилно е да му објасните дека денес нема да ја купите оваа играчка, бидејќи пред неколку дена сте му купиле друга, а така не е дозволено. Добро е да му покажете дека на вас, исто така, ви се допаѓа и да пројавите интерес и жалење што нема да ја имате дома оваа прекрасна играчка. Кажете му дека следната недела, ако имате можност, може пак да поминете и да ја земете.

Друг добар пристап е да го убедите детето дека предметната играчка не му е воопшто потребна и не е особено убава. Обрнете внимание кон нешто друго. Децата брзо се импресионираат од сè околу нив и забораваат на "проблемите", штом си најдат нови возбудувања.

Најважно е да не се доаѓа до крајните сцени, кои да го оптоварат детето и вас. Се разбира, речиси невозможно е да избегаме 100% од солзите во очите и реплики од видот "Мамо, многу си лоша! Веќе не те сакам! . Во оваа ситуација ќотекот е понижувачки за вас и штетен за психата на детето.

Научете го детето да го препознава предупредувачкиот поглед на мама и да знае дека ако направи нешто лошо, мама ќе го кара. Треба да го контролирате вечното "сакам", но не и да изливате тензија врз детето.

Почувствувајте ја златната средина помеѓу она што можете да го дозволите и она што ќе го оневозможите. Така ќе ја заработите почитта на детето, од што секој родител има потреба.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога да го оставите детето само дома?
Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
4
Зошто децата ги грицкаат ноктите?
Многу често ќе забележите како вашето дете мирно седи, изгледа како да не мисли на ништо, но неговите прсти се веќе во у...
4
Мамички, времето брзо лета! Уживајте!
И додека седам во канцеларијата, пијам кафе, во позадина се слуша некое on-line блуз радио, куцкам, пишувам, работам, ко...
4
АБР терапија за лица со посебни потреби
АБР може да го промени Вашиот живот
4




Анкета

Toplomer
micichka

preeska mi se skrsi toplomerot vednas go sobrav so pravosmukalka...sega mi e strav da ne sum nazgazila nekoja ziva...oti znam deka preku kozata moze da se prenese vo organizmot!!kazete mi iskustvo :))

Ima li nekoj seriozni posledici ?? (68%)

Kako da se spasam od zivata ?? (14%)

ve molam piset_e komentar ako imate iskustvo !! :( (18%)


Број на сите гласови: 71

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!