vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Во првите неколку години по почетокот на циклусот, телото сè уште учи да воспостави хормонална рамнотежа, па е сосема нормално да се јават одредени нерегуларности.
Познавањето што е вообичаено, а што може да биде знак за проблем, помага девојките и родителите да се чувствуваат информирано и смирено.
Што е нормално во првите години?
1. Нередовен циклус
Во првите 1 до 3 години, циклусот често не е стабилен. Може да се јавува на секои 21 до 45 дена. А понекогаш циклусот може да прескокне еден месец, без да е знак за проблем.
Ова се должи на незрелоста на хормоналниот систем.
2. Промени во количината на крварење
Некои циклуси се поблаги, некои посилни и може да има браункаста боја на почеток или крај.
Телото сè уште регулира колку ендометриум се создава и исфрла.
3. Болка и грчеви
Често се појавуваат лесни до умерени болки во долниот дел на стомакот.
Тие се резултат на стеснување на маточните крвни садови и мускулни контракции.
4. Промени во расположението
Хормоните секако влијаат на емоциите. Па затоа промените во расположението, чувствителност или раздразливост се вообичаени.
Кога нешто не е нормално и бара лекарска проверка?
1. Многу силно крварење
Ако треба да се менува влошка или тампон секој 1до 2 часа и менструацијата трае повеќе од 7 дена.
Ова може да укажува на хормонален дисбаланс или проблем со коагулација.
2. Менструацијата изостанува повеќе од 3 месеци
Ако циклусот престане подолго, потребно е да се исклучат: PCOS, значително намален или зголемен BMI, стрес или нарушувања во исхраната.
3. Исклучително силни болки
Ако болката: ја спречува девојката да оди на училиште, бара посилни лекови, предизвикува вртоглавица или повраќање, може да се работи за ендометриоза или други состојби.
4. Крвавење меѓу циклуси
Крвавење надвор од менструација не е вообичаено и потребно е да се провери.
Како да и се помогне на девојката во овој период?
Првите години од менструалниот циклус се период на приспособување.
Неправилностите се чести и нормални, додека некои симптоми може да укажуваат на потреба од лекарска проценка.
Најважно е девојките да знаат дека нивното тело се развива и дека нема „совршен“ циклус постои само циклус што е нормален за нив и нивното тело, сè додека здравјето и благосостојбата се во рамнотежа.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?