Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Повеќето деца, во периодот од 1-4 година барем еднаш имале напад на бес, гласно викање и неутешно плачење, кога се чини дека не помага ниту еден метод за смирување, а родителите беспомошно гледаат во тој мал организам разорен од внатрешен гнев и неразумна негативност...Нападите на бес, или тантруми, до неодамна не беа предмет на научно испитување, но најновата студија кажува дека се случуваат по точно одреден образец.
Под сето тоа викање, тркалање по подот и плачење, се наоѓа феномен кој и тоа како е погоден за научно испитување. Се чини дека тантрумите имаат одреден образец и ритам, односно своевидно сценарио по кое се случуваат. Кога еднаш ќе ги сфатат научниците, тој образец може да им помогне на родителите многу поточно да одговорат на нападите на бес. Освен тоа, со дешифрирањето на образецот по кој се случуваат нападите на бес, стручњаците ќе можат да ги разликуваат оние тантруми кои се нормален дел од детскиот развој , од оние кои даваат знаци за некакво пореметување.
Според едно истражување кое е спроведено со прицврстување на безжичен микрофон на детето и подоцнежна анализа на звуците кои ги произведува, научниците откриле дека звуците се појавуваат по одреден образец. На пример, звуците на викање и вриштење одат заедно. Со овие звуци најчесто доаѓа удирање со раце и нозе. Потоа доаѓа туркање и фрлање на предмети, а тука е фазата на комбинирано плачење, кемкање, фрлање на под и барање утеха.
Тантрумите немаат два стадиуми како што досега се веруваше, туку бесот и тагата се случуваат симултано. Др. Грин и Др. Потегал откриле дека звуците на тага се појавуваат во текот на целиот тантрум, а ги прекинуваат остри и кратки звуци на викање и вриштење, односно звуци на лутина.
Трикот лежи во тоа да се обидете да го доведете што побрзо тантрумот до крај и на детето да у помогнете да го надмине чувството на лутина и бес што побрзо. Кога детето ќе го надмине тоа чувството останува само тагата, а тогаш на детето му треба утеха. Најбрз начин да го надмине бесот не постои, па научниците им советуваат на родителите во текот на викањето и вриштењето да не прават ништо. Тоа е тешко, бидејќи е тешко да се гледа во дете кое удира, вришти, плаче и не знае што да прави со негативните чувства во себе, но едноставно треба да се почека додека детето исфрли се од себе. Чувството на лутина е стапица на која не треба да се наседнува. Не треба да поставувате прашања и дополнително да го разгорувате бесот, или пак да викате, да се заканувате, да го исмевате детето или да се шегувате на негова сметка, ниту пак да бидете груби или пренежни...Сето тоа може само да го продолжи периодот на бес.
На децата им е тешко во состојба на бес да процесуираат информации, да одговараат на родителските прашања и барања, па моментите на бес се продолжуваат и интензивираат.
Најдобро е да му пристапите на детето кога бесот ќе го преточи во тага, односно во плачење. Всушност тогаш ќе ја бара Вашата утеха. Кога ддетето потполно ќе се смири, дури тогаш може да разговарате за тоа што се случило.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?