namesp во 10:12
Направете го почетокот на учебната година полесен
Редакција Рингераја, 27.8.2019- Истакнете ги позитивните страни од одењето на училиште: ќе биде забавно, ќе се сретне со другарчињата од градинка, ќе запознае нови другарчиња, пробајте да му кажете на детето дека сигурно ќе му биде многу убаво.
- Потсетете го дека не се само децата оние кои чувствуваат непријатност поради првиот училишен ден. Наставниците многу добро знаат дека треба да направат дополнителен напор да за да има ја олеснат адаптацијата на децата во училиштето.
- Направете проверка на некои достигнувања на вашето дете од претходната година и разговарајте со него за нови и интресени работи кои ќе ги научи во годината што следува.
- Купете некоја ситница за вашето дете (пенкало или некој приврзок) кој ќе го потсетува дека мислите на него додека е во училиште или можете да оставите мали белешки во неговиот ранец или кутијата за храна.
- Потрудете се да го убедите вашето дете дека ако се случи било каков проблем, вие ќе бидете тука за да помогнете истиот да се реши. Секогаш мора да сте активно вклучени во тоа што се случува на училиште како би можеле навремено да реагирате.
- Побарајте дете од вашето соседство со кое ќе можат заедно да одат во училиште.
- Охрабрете го да побара нови другарчиња од одделенеието или додека се на детското игралиште или вие поканете ги да играат некоја заедничка игра како би можеле подобро да се запознаат.
- По завршувањето на часовите, покажете малку повеќе грижа и внимание кон вашето дете. Гушнете го и прашајте го како поминал денот на училиште. Прашајте го за сè што се случувало, дали стекнал нови другарчиња, дали му било интересно, дали му е нешто потребно од школски прибор како би можеле да одите и заедно да го купите.
Како дополнување на погоре кажаните препораки, можеби ќе треба и дополнителна поддршка за вашето дете на почетокот на школската година. Еве неколку сугестии за подобро адаптирање:
- Разговарајте со детето за неговите чувства, дали е возбудено или исплашено во врска со почетокто на учебната година.
- Посетете го училиштето со вашето дете. Наставниците се обично во училиштето неколку дена пред почетокот на училишната година. Видете ја училницата каде што ќе престојува и запознајте го со наставниците ако е тоа возможно. Можеби полесно ќе можете да ги воочите неговите стравови поради тоа што детето веќе ќе може да го визуелизира училиштето и училницата и да има дополнителни прашања како тоа би изгледало.
- Обидете се да најдете некои од неговите соученици ако не ги има сретнато порано во градинка како би можело детето да се запознае со нив и да поиграат заедно како би имало во училницата неколку пријателски лица кои ќе му бидат познати кога ќе започне школската година.
- Не градете нереалистични очекувања за тоа колку прекрасно ќе му биде на училиште но бидете оптимистични околу тоа како ќе се одвиваат работите во новото училиште. Не заборавајте дека и наставниците ќе имаат голем дел во тоа да го направата престојот на вашето дете во училиштето што покомфорен.
- Ако вашето дете се заинтересира за некоја групна активност која се одвива во училиштето, охрабрете го да се вклучи во истата.
- Во врска со вон-школски активности, видете што е она што би одговарало на неговиот карактер и не го терајте по секоја цена да се вклучи во некоја. Навикнувањето на новата средина и училештето можеби нема да се одвива толку брзо и секоја дополнителна активност можеби би била дополнителен стрес за него.
Во текот на првите неколку недели од училишната година, наставниците ќе можат да ви дадат некакви информации околу тоа како вашето дете се вклопило во средината и како напредува. Тоа ќе ви даде некаква насока дали добро сте постапиле и на што би требало да обрнете внимание во иднина.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Научете како да ги препознаете првите знаци на расипување на меленото месо и дознајте како да го чувате и подготвувате

Штотуку родената ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, малата Blue Ivy Carter нема ни една недела откако се роди, но веќе прави муз...

Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Мат...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
