|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се справите со детскиот бес?

Редакција Рингераја, 29.5.2026
Детскиот бес е нормален дел од растењето. Иако за родителите може да биде исцрпувачки, нападите на лутина најчесто се начин детето да покаже дека не знае како поинаку да ги изрази своите емоции.

image
Фото:Canva/Бесот кај децата не е лошо однесување туку начин на изразување на емоциите.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Важно е да се реагира смирено, а не со викање и казни.

 

Дознајте што стои зад бесот

Децата често не умеат да објаснат што чувствуваат.

Бесот може да биде резултат на: замор, глад, љубомора, страв, потреба за внимание, преголема возбуда или пак фрустрација.

Кога родителот ќе ја препознае причината, полесно ќе реагира правилно.

 

Останете смирени

Кога детето вика, плаче или фрла предмети, најважно е возрасниот да не ја „запали“ ситуацијата дополнително.

Наместо да викате, да се заканувате и да го казнувате детето во афект подобро е да зборувате тивко, да му покажете дека сте тука за него и да му се обратите со кратки и јасни реченици.

Смирениот родител му помага на детето побрзо да се смири.

 

Поставете граници

Разбирањето на емоциите не значи дозволување на лошо однесување.

Детето треба да знае дека е во ред да биде луто, но не е во ред да удира, гризе или навредува.  

Јасните и доследни правила создаваат чувство на сигурност.

 

Научете го детето да ги именува емоциите

Малите деца често не знаат што чувствуваат.

Помогнете му со реченици како:

  • „Гледам дека си лут.“
  • „Те налути тоа што не можеше да ја добиеш играчката.“
  • „Во ред е да бидеш тажен.“

Со време, детето учи подобро да се изразува наместо да реагира со бес.

 

Не попуштајте за да престане плачењето

Ако секој напад на бес завршува со исполнување на желбата, детето учи дека така најлесно го добива тоа што го сака.

Наместо попуштање покажете разбирање, но останете доследни, односно држете се до правилото што сте го поставиле.  

 

По смирувањето на детето, разговарајте

Најважниот момент не е за време на бесот, туку после него.

Откако детето ќе се смири пофалете го дека се смирило, објаснете што било погрешно и воедно разговарајте како можело поинаку.

Така детето постепено учи контрола на емоциите. 

 

Детскиот бес не е знак за лошо дете, туку е дел од емоционалниот развој. Со трпение, смирен пристап и јасни граници, родителите му помагаат на детето да научи како здраво да ги изразува своите чувства, а тоа е вештина што ќе му биде важна целиот живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Велигденски светилки од јајца
Идеја која не смеете да ја прескокнете овој Велигден. Украсните светилки можете да ги направите за неколку минути и мора...
4
Вежби за правилен изговор на гласовите
Нашата способност за говор често ја земаме здраво за готово, но кога ќе добиеме дете за прв пат стануваме свесни за теко...
3
Што доведува до прекумерна тежина кај децата?
Прекумерната тежина или дебелината е состојба што се карактеризира со огромно количество акумулирани телесни масти во ор...
3
Шест причини зошто баба е подобра од мама
Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак б...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vaset_o dete odi na karate?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!