|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Избираме најубава творба: Ивона Трајкоска

Редакција Рингераја, 12.10.2013
Литературна творба по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Ивона Трајкоска

image
/11


 

 

Литературни творби ни испрати наставничката од ученичката Ивона Трајкоска од  Оу ,,Св. Климент Охридски”-Драчево, Валентина Трајкоска.

 

Само луѓето можат да ја сменат својата иднина

Тато е пожарникар. Велат ја работи најхумната професија на светот. Заминува наутро, а се враќа доцна навечер, понекогаш и не се враќа, особено кога е лето и кога на телевизија секојдневно на секои два часа јавуваат за разгорените пожари по планините кои пустошат се?? околу себе, па и нашето детство. Никогаш не се жали и не кажува ништо. Одвреме навреме ќе спомене по нешто, како вода, давеник или не знам уште што, а јас се прашувам кој ги дави водите или водите ги дават луѓето? Не ми е јасно и честопати не умеам да ги поврзам работите, па останувам без одговор. Мојата најголема желба, а тато тоа добро го знаеше, беше да се качам во пожарното возило, да ги пуштам сирените и да бидам барем за час пожарникарот Сем. На дванаесетти август минатата година цврста прегратка и нежен  бакнеж ме разбудија од сонот. Беше пет часот и педесет минути.

-Среќен роденден пожарникару Сем!-ме држеше цврсто во прегратка тато.

-Втората чета на противпожарната бригада ве чека на вашето работно место, за десет минути поаѓаме.

Изрипав од радост, дали тоа мене тато ме носи на работа со себе, дури се свестив тој ми го имаше ставено на глава противпожарниот флуросцентен шлем, а јас се најдов во неговото возило на пат кон Автокоманда. А, таму, леле радости, целата чета се беше построила во еден ред, сите точно на број во седум часот наутро едногласно ми го честитаа роденденот. Сфатив, тато се беше договорил со неговите колеги.

Боже колку возбудлив ден ќе биде ова- си реков во себе.

Во тој миг го сакав татко ми најмногу на свет. Не ми текнуваше да побарам ништо друго. Јас го добив својот роденденски подарок. Уште додека се вареше првото утринско кафе се јави ПЕНА 1:

-Возилото 23 подготвено на перон има дојава за шумски пожар!

Четворица меѓу кои и татко ми рипнаа в миг!

-Ајде, Сем –рече тато! Авантурата почнува.

Седнав во возлото напред. И седнувањето не беше баш лесно бидејќи скалилата се многу високи. Едвај се искачив. Сирените засвиреа ввввввиууууу, ввииуууу! Веќе бевме на пат. Сакав да прашувам, ама не успеав, татко ми цело време беше на централата во камионот и разговараше со луѓето од другата страна на телефонската линија.

Патот потраја. Отгога излеговме од автопатот, се качуваме низ еден рид. Одеднаш здогледав чад, како што се наближувавме ми се чинеше дека димна завеса се распрострала пред мене. Секако не ме симнаа од возилото. Пожарникарите се растрчаа, поставија линија, зедоа лопати и за неколку минути со распрскување на силен млаз ја разбија првата огнена стихија. Наоколу имаше пристигнато жители од соседнитите села. Видно беа возбудени. Се беа уплашиле огнот да не дојде и до нивните домови. Пристигна уште едно возило, уште едно...По еден час еден од пожарникарите ме извади надвор. Опасноста беше минала.

-Што гореше чичко Ристо! –го прашав.

-Сува треба се запалила, па ги зафатила соседните ниви, балите со суво сено и детелина, а ветрот од изутрина го развеал пожарот насекаде!

-Од што се запалила сувата треба чичко Ристо, од што?-прашував.

-Од несовесните пушачи Сем, од отпушок- ми одговори.

-Боже, сета оваа збрка од едно догорче –си реков!

Погледнав наоколу што да бидам, црно е се?. И пожарникарите веќе беа црни. Облеката им мирисаше на чад, мислам дека тој мирис на чад ми се врежа во душата и не можем да го избришам до ден денес.

-Немаме веќе работа овде Сем, заминуваме, рече тато, ќе дојде ново возило! –

 Се завртев го погледнав татко ми рацете му беа црвени од напорот, а лицето црно. Стигнавме побрзо во бригадата отколку што очекував. Имав неспокој во душата. Не знам зошто, ама се чувстував празно, некако тажно.

-Жал ти е тато?

-За кого Сем? За кого?

-За сите тато, за селаните, за житото, за нивите!

-Жално е тоа, жално!Остана нивата без родот!-дофрли чичко Ристо!

-Како на мајката кога ќе и го украдеш чедото- се надоврза чичко Тони.

Тато ништо не рече, само ме погали по косата.

 -Боже, сета оваа збрка од едно догорче –повторно си реков!

-Не биди тажна мила моја! -ме прегрна тато. Ти не можеш времето да го вратиш назад. Не можеш на нивите да им го вратиш житото, ниту на децата полето. Ти не можеш да смениш ништо. Можат само луѓето. Тие единствено можат да ја сменат својата иднина. Тие самите.

Доцна вечерта, по издуваните роденденски свеќи,  јас десетгодишната Ивона, ќерка на еден од најхуманите луѓе на светот, јас татиниот пожарникар Сем си легнав во топлата постела, а во ушите ми одѕвонуваа зборовите на тато: Ти не можеш да смени ништо. Можат само луѓето.. Тие самите.

 

 

Ако Ви се допаѓа творбата на Ивона , ставете Like на статијата.

Сакате и вие да испратите творба од Вашето дете и да дадете свој придонес во детската недела? ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО да го направите тоа.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 начини за СТОП на “дерењето”
Кога Вашето дете Ве полудува, тоа може да се почувствува дека се што прави е погрешно. Наместо да губите контрола, погл...
4
Значењето на цртање со прсти за мозочниот ...
Цртањето со прсти, познато како finger painting е повеќе од забавна активност за малите деца.
3
Еден ден мојата куќа повторно ќе биде чист...
Еднаш, многу одамна, мојата куќа блескаше...
3
Како да ги заштитиме децата од пасивно пуш...
Ако вие, или некој од вашето семејство пуши, а имате деца, тогаш е важно да се осигурате дека децата не се пасивни прима...
3




Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!