|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Избирајте зборови!

Народна мудрост, 11.11.2011
Една млада жена еден ден рече нешто со што ја навреди својата најдобра пријателка. Веднаш зажали за тоа и беше подготвена да направи се' за да ги повлече своите зборови назад.

image
/11


 

Таа го рече тоа импулсивно, во момент на невнимание и бидејќи беше многу блиска со пријателката, предвреме не размисли за негативниот ефект од своите зборови.

Настојувајќи да го поправи она што го рече отиде кај една мудра старица. И ја објасни ситуацијата и побара совет. Мудрата старица слушаше внимателно трудејќи се да процени колку е искрена оваа жена и колку навистина сака да ја исправи грешката.

Мудрата старица рече:”Треба да направиш две работи за да ја исправиш својата грешка. Едната од нив е екстремно тешка. Вечерва земи ги своите најдобри перници со пердуви и отвори во секоја од нив мали дупчиња. Тогаш, пред изгрејсонце, мораш пред прагот на секоја куќа да ставиш по еден пердув. Кога ќе го завршиш првиот чекор, врати се кај мене и ќе ти ја кажам и другата работа”.

Младата жена се врати дома за да се подготви. Цела ноќ ја помина одејќи од праг до праг. Прстите и се смрзнаа, а ветрот беше многу силен. Но таа одеше и понатаму по мрачните улици.

Откако сонцето изгреа, младата жена се врати кај мудрата старица. Беше исцрпена, но почувствува олеснување бидејќи мислеше дека нејзиниот труд ќе биде награден.

”Моите перници се празни. Пред секој куќен праг оставив по еден пердув”.

Сега, рече мудрата старица “врати се назад, наполни ги перниците и се ќе биде како порано”.

Младата жена беше шокирана.

“Знаете дека тоа е невозможно! Ветрот сигурно ги дувнал пердувите кои ги оставав пред куќните прагови. Не ми кажавте дека тоа треба да го соберам. Ако ова е втората задача, тогаш работите никогаш нема да бидат исти!”

Тоа е вистина, рече мудрата старица. “Никогаш не заборавај. Секој твој збор е пердув во воздухот. Еднаш кажаното, со никаков обид, колку и да е искрен, нема да го врати зборот во твојата уста. Добро избирај ги зборовите и чувај ги во присуство на оние кои ги сакаш. Еден убав збор може да грее во текот на три ладни зимски месеци...”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кејт Мидлтон им ја забрани оваа играчка на...
Кејт Мидлтон им даде на мајките уште еден висок стандард - да го следат, или да го критикуваат. Според Us Weekly, Кејт и...
6
Кога се развива мозокот кај децата?
Децата се брилијантни. Зарем не? Тие живеат во сегашниот момент.Тие се способни и невини. И можеби мојата омилена особин...
4
Љубомора поради новиот член
По некои истражувања идеална разлика меѓу две деца е 4 или 5 години. Постарото дете веќе не е толку љубоморно, па затоа ...
4
Научете го детето да ги распознава боите
Еве неколку практични совети како да ги научите децата да ги распознаваат боите. Сe е изводливо дома
4




Анкета

help
anneto

ve molam pomozete mi :D kako da se vika kerka mi

stefani (29%)

antonia (39%)

kristiana (12%)

stefanija (20%)


Број на сите гласови: 194

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!