Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Фатма Бајрам Аземовска е успешна жена, директор на Здружението на граѓани “Сумнал” и еден од креаторите на проектот “Слушај книга” на Народната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола. Слушај книга е проект кој за прв пат се организира на нашите простори и ја промовира книгата на еден поинаков начин. Целта е на сите оние лица кои што на некој начин имаат недостаток и не можат книгата да ја читаат или да ја држат во рака, да им се понуди малку поинаков начин за дружба со неа. Ваквите лица имаат можност да слушаат книга.
Редакција Рингераја:
Кажете ни нешто повеќе за Вас. Која е Фатма Бајрам Аземовска во приватниот живот?
Фатма Барјам Аземовска:
Себеси би се опишала како Скопјанка која љубовта ја донесе да живее во Битола, ќе речам не случајно бидејќи Битола е навистина убав град за живеење, опуштен, смирен, полн со културни настани и прекрасна природа. Но, морам да признаам дека одвреме на време ми недостига и брзото темпо на живот во Скопје, кога немаш време за ништо а успеваш да направиш се. Спаѓам во групата на жени со општи карактеристики кафе муабет, шопинг, лесни елегантни прошетки во парк, покрај езеро на планина, готвењето не ми претставува проблем – помага сопругот кој е експерт за салати. Кога го прашувам која е тајната тој ми вели љубовта е највкусниот зачин. Она што ме прави посебна а што и како карактерна особина може да се забележи е дека околината ја прилагодувам на моите потреби.. Тоа се рефлектира и во приватниот живот, а особено во мојот придонес кон успесите и работата на СУМНАЛ.
Редакција Рингераја:
Пред 11 месеци станавте мајка на прекрасната ќеркичка Леона. Колку мајчинството Ве измени и дали ги оставивте на страна проектите со кои се занимавате?
Фатма Барјам Аземовска:
Ме измени многу бидејќи во очите и насмевката на Леона ја пронајдов смислата на постоењето и тајната на животот. Проектите продолжија со уште поголем интензитет и мотивација бидејќи сфатив : Се она што ние го правиме и создавамe, го креираме за генерациите кои доаѓаат, а тие имаат подеднакво право да уживаат со сите сетила на убавините на животот како и ние. Од дружењето со сопругот станав почувствителна на промените во животната средина и глобалните напори за спас на Планетата Земја па и активностите на Сумнал во еден дел ги насочивме кон давање придонес во спроведувањето на принципите за одржлив развој. Често пати при прошетките со Леона знаеме да дискутираме за одредени состојби во општеството и да извлечеме иновативни проекти од интерес за пошироката јавност. СУМНАЛ има одличен тим на кој се потпирам и мојата улога е само координативна.
Редакција Рингераја:
Колкава е важноста на семејството за Вас и колку професионалните ангажмани Ви дозволуваат да поминувате драгоцени моменти со семејството?
Фатма Барјам Аземовска:
Па не случајно старите рекле дека семејстото во хармонија е неисцрпен извор на позитивна енергија, сила и радост за било каков предизвик. Но ... тоа е како цвеќе и треба да се негува, да се чува како вредност и придобивка, да се полева со љубов. Особено ми е важна поддршката од сопругот кој е несебичен во секоја смисла на зборот и со малку координација и разбирање успеваме максимално да го искористиме времето. Така Леона досега ја има пропатувано скоро цела Македонија, доаѓа со нас на зелен пазар, на семинари, на презентации, свадби, концерти, изложби... Всушност таа е единството на спротивностите помеѓу мене и мојот сопруг и ѕвездата водилка од која максимално го користиме секој зрак топлина
Редакција Рингераја:
Директор сте на Здружението на граѓани Сумнал, кое е основано во 2004 година и се занимава со едукација за правата на жените, подучување на населението за семејно насилство, хигиена и санитетско-здравствени мерки, подучување за правата на децата, вакцинирање, описменување на возрасни, во тек се проектите “Секое дете на училиште” “Едукација на граѓаните во заедниците” “Запишување во основно училиште”. Ова е широк дијапазон на делување па во 2007 година сте прогласени помеѓу петте најуспешни жени од американска амбасада.
Колку “Сумнал” помогна во развој на ромската популација овие години?
Фатма Барјам Аземовска:
Преку нашата работа успеавме да направиме интегрална промена на свеста на населението да прифати нови стандарди и принципи на живеење дека образованието е важно за нивните деца, дека родителите активно треба да се вклучат во нивното обраозвание, здравството, хигиената и да бидат активни чинители во креирањето на сопствената иднина и иднината на нивните деца преку нивно учество во различни активности и манифестации.
Ја имплементираме програмата Ран детски развој која е финансирана од УНИЦЕф. Оваа програма за нас е најзачајна затоа што ги опфаќа децата од 0-6 години. Сметаме дека можеме од најрана возраст да влијаеме позитивно на развојот на децата, а преку програмата индиректно да влијаеме на поголема заинтересираност на родителите. Преку образованието Ромите ќе можат полесно да се интегрираат во македонското општество.
Децата како волонтери преку неформалното образование се стекнаа со вештини кои им значат многу во однос на јакнење на нивната самодоверба, борба против пороците, комуникациските вештини и пронаоѓањето начини на изразување на нивната креативност. Еве и малку бројки... Од 1 или 2 средношклци пред 5 години сега имаме околу стотина со солиден успех, од еден или ниеден запишан на факултет сега имаме над 20 студенти на различни факултети.
Сите овие резулатати и добиената награда од Американска Амбасада во Република Македонија се мотив да продолжам понатаму со повеќе елан, нови активности и предизвици.
Редакција Рингераја:
Колку проектот на Сумнал - “Инклузија на децата Роми во јавните предучилишни установи” кој беше организиран во Детската градинка 25 Мај – општина Гази Баба, а имплементиран во населбата Сингелиќ, помогна да се разбијат стереотипите и децата од ромска националност да бидат широко прифатени во градинките, заедно со другите деца?
Фатма Барјам Аземовска:
Веќе неколку години сме вклучени во проектот “Инклузија на децата Роми во јавните предучилишни установи” и успехот е очигледен.
Прво децата децата се вклучени во мешани групи, потоа децата уште од најрана возраст преку различни активности учат за обичаите, традицијата кај Ромскиот народ што помага да се разбијат стереотипите кај децата од другите заедници.Ги учат обострано јазиците, играат заедно, јадат и спијат.
Редакција Рингераја:
На кој начин планирате да ја проширите и спроведете на дело програмата за “Писменост на децата кои не одат на училиште”, која има за цел да обезбеди основна писменост и посеопфатна програма за децата и возрасните?
Фатма Барјам Аземовска:
Сметам дека ова е едно тешко и многу осетливо прашање на кое во наредниот период ќе мора да обрнеме многу повеќе внимание. Потребно е да се вклучат повеќе заинтересирани страни и учество на Министерствата и соодветните органи. Во однос на соработката веќе имаме потпишано меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование.
Редакција Рингераја:
Да проговориме малку и за Вашиот ангажман во Народната и Универзитетска библиотека во Битола и проектот “Слушај книга”. Како дојдовте на идеја за ваков интересен проект?
Фатма Барјам Аземовска:
Затоа што постојат луѓе имаат проблем со видот, постојат луѓе кои од различни причини не се во можност да читаат книги, читањето им претставува напор, подобро се релаксираат и чувствуваат слушајќи книга, при долги патувања може да слушаат книга, некои луѓе подобро се концентрираат и помнат слушајќи книга, малите деца сакаат да слушаат книга, некои луѓе не можат да држат книга во раката.
Ваков тип на настан прв пат се одржува во Македонија и има за цел да промовира иновативни начини на дружење со книгата, креирање аудио библиотека на книги.
Преку настанот сакаме да им дадеме шанса на сите подеднакво да уживаат во содржините на книгата. Книгата е посебна цивилизациска придобивка, а со развојот на техниката и технологијата и нивната достапност не мора да се само на хартија. Затоа НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во соработка со Студентското радио УКЛО ФМ и Детската градинка „Естреја Овадија Мара“ го организираа настанот „Слушај книга“.Во студиото на Универзитетското радио УКЛО ФМ е снимена приказната Снежана и седумте џуџиња.
Редакција Рингераја:
Кои книги ќе бидат изработени во аудио верзија и каде ќе можат да се најдат/купат?
Фатма Барјам Аземовска:
Заинтересираните читатели – слушатели ќе можат да ја слушаат приказната „Снежана и седумте џуџиња“ на следниот ЛИНК или во детското катче на Рингераја.мк
Во наредниот период следува снимање на други приказни и на друг вид литература.
Редакција Рингераја:
Редакцијата на Рингераја и “Слушај книга” ќе воспостават соработка во проектот Детско катче на Рингераја.мк. Што мислите за проектот Детско катче, колку Ви се допаѓа и воопшто, дали ја читате Рингераја.мк и што мислите за квалитетот на нејзините содржини?
Фатма Барјам Аземовска:
Ми претставува големо задоволство за воспоставената соработка со вас.
Позитивно мислење имам за проектот Детско катче, на мене и на Леона сте ни најдобри другарчиња затоа што сите информации ги добиваме од вас, учиме од вас, квалитетот е на високо ниво. Ви ветувам дека од моја страна ќе следат и нови информации кои ќе бидат интересни на вашите ценети читатели.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Цртани филмови.
пеперутка16
Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?