|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Еве зошто жените мора да пешачат што повеќе

Редакција Рингераја, 12.8.2019
Ова е посебно важно кај девојчињата, кои често во периодот на адолесценција избегнуваат спортски активности. Пешачењето е неопходно за цел живот, а не чини ништо
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Меѓу многубројните цитати кои му се припишуваат на Ајнштајн постои и онај кој вели дека животот е како возење велосипед, ако не сакаш да паднеш, мора постојано да си во движење.

Недостатокот на физичка активност, заедно со хроничниот стрес и погрешната исхрана, се едни од главните причини за заболувања кај современиот човек.

Многу луѓе под физичка активност подразбираат напорна физичка активност, но основната човечка активност е печачењето. Нашите предци поминувале секојдневно од 6-16 км. во потрага за храна. Жените ги носеле и децата во раце. Се проценува дека до 4-та година на детето, жените поминувале 4800 км. Денешната цивилизација на луѓето им ја скрати потребата од движење.

Здравствените ефекти од пешачењето се големи. Физичката активност ги сузбива воспалителните процеси во организмот (а тоа се сите модерни болести, од депресија, преку дијабетес, алергија и карциноми).

Познато е дека во тек на физичката активност  се намалува нивото на маркерите за воспалителни болести, како што се Ц реактивен протеин (ЦРП). Во една студија е утврдено дека со 20 минути брзо одење се намалува нивото на ЦРП за 5%. Овој ефект е делумно предизвикан од лачењето на познатиот стрес хормон, адреналин. Но, физичката активност мора да биде редовна, бидејќи ефектите се губат по извесно време.

Одењето има одличен ефект за здравјето на кардиоваскуларниот систем, за намалување на високиот крвен притисок и здравјето на миокардот.

Пешачењето го подобрува функционирањето на мозокот и спречува деменција. Ова посебно се однесува на Алцхајмер, каде редовната физичка активност го зголемува обемот на мозокот. Одличен ефект има и кај лицата кои страдаат од депресија. Смртноста од карцином е двојно помала кај лицата кои имаат редовна физичка активност.

Колку физичка активност е потребно? Препораката е 150 минути брзо одење неделно, а најмногу до 6 часа неделно. Степенот на активност треба да се прилагоди според годините.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тренд хит - корална боја!
Коралната боја, тренд хит за ова лето! Погледнете ги комбинациите кои ги пронајдовме за вас.
3
Кејт Мидлтон се појави во јавност за прв пат!
Кејт се појави на ултра маратонот Ring O' Fire Anglesey Coastal ова утро, што е нејзино прво појавување во јавноста по п...
3
Интервју со Елена Ристеска
Пораснав, се променив, станав жена, но истата насмевка останува моето главно оружје
3
Кафе на кошулата? Без паника!
Мириса убаво, ги буди сетилата, дава енергија, но кога се истури на кошула или чаршав, кафето станува навидум непобедлив...
3




Анкета

Работа.
пеперутка16

Кога почнавте да работите по породувањето?

После 6 месеци. (25%)

По 12 месеци. (50%)

Од 12 до 16. (0%)

Јас не работам. (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!