|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето одбива да јаде?

Александра Олјеска, 11.3.2011
Вкусот на човекот се менува во текот на времето, па се случува децата одеднаш да престанат да уживаат во некое јадење, но затоа со задоволство прифаќаат нешто што дотогаш не го сакале

image
/11


Иако експертите постојано зборуваат децата се се' подебели, има и такви деца кои не седнуваат на стол и не сакаат да  губат време на храна. На младите мајки им помагаат бабите, пријателките и сосетките, па дури и  интернет –форуми, но тие често се препуштени на самите себе и не се сигурни како да постапат ако нивното дете одбива да јаде или јаде многу малку.

Никогаш не терајте го да јаде бидејќи така постигнувате спротивен ефект. Ако се работи за бебе, доволно е да изгуби 10 отсто од својата тежина (а тоа е 500-700 грама), па животот да му биде загрозен. Кога проблемот можете да го решите сами, а кога треба да побарате помош од експерт ?

 

Треба ли да се грижите

 

Апетитот  на човекот зависи од низа фактори, а пред се од индивидуалната способност на метаболизмот. На апетитот на децата влијаат потребите на организмот. Растот на детето се одвива нерамномерно: во првата година и во периодот на адолесценција детето активно расте, па со тоа и самиот апетит му се зголемува. Апетитот  исто така зависи од потрошувачката на енергија: колку детето е поактивно, толку подобро јаде. Меѓутоа, ако детето ја одбива храната, лошо изгледа и расте побавно од врсниците, родителите треба да се советуваат со лекар.

 

Причини за слаб апетит

 

-       Нередовни оброци: детето нема навика да јаде во одреден период.

-       Слатки помеѓу оброците: колку повеќе слатки и грицки јаде Вашето дете помеѓу оброците, толку потешко ќе го натерате да ја изеде чинијата супа и порцијата со зеленчук.

-       Болест: кога детето ќе се разболи, апетитот драстично му се намалува бидејки целата своја сила ја троши организмот на борбата со болеста.

-       Емоционален стрес: ако детето е загрижено или вознемирено  за нешто, родителите треба да обрнат внимание не неговите чувства, а не на количеството на изедена храна.

 

Одбивање храна

Не ретко на детето не му се допаѓа една или друга храна или јаде само  храна подготвена на одреден начин: на тоа треба  да се  гледа како  на  негов специфичен  вкус и  не треба да го терате да го јаде она што не му се допаѓа. Убедување, инсистирање или не? Заканите најчесто имаат спротивен ефект. Вкусот на човекот се менува со тек на времето, па се случува децата одеднаш да престанат да уживаат во некое јадење, но затоа со задоволство прифаќаат нешто што дотогаш не го сакале.

 

Дали е опасно ?

Опасноста дека детето само  го ограничува своето мени не е голема. Детскиот организам кој  редовно добива храна нема да  гладува. Потребите за калории зависат од возраста:

-       од 3 до 5 години се потребни 1.500 килокалории;

-       од 5 до 8 годин 1.800 килокалории;

-       од 8 до 12 години 2.000 килокалории;

-       од 12 до 16 години  2.400 килокалории.

 

Треба ли децата да се тераат да јадат ?

 Децата никако не треба со сила да ги принудуваме или уценуваме да јадат повеќе. Ако го правите тоа, постојано ќе доаѓате до непотребни конфликти. Продолжете да му предлагате разновидно мени, но немојте да се лутите или  да се грижите ако  некои  производи нема ни да ги проба. Она што може да направите е да водите сметка да не зема слатки и грицки  помеѓу оброците и да стекне навика да јаде во одреден период. Треба да се има на ум дека е опасно за здравјето ако детето се храни со  еднолична храна или внесува претерано количество храна отколку ако повремено јаде слабо или  привремено има лош апетит.

 

Како се поправа апетитот ?

-       Потрудете се детето  да биде што поактивно за да троши енергија; ќе му годи гимнастика, игра и прошетка на свеж воздух.

-       Никогаш не принудувајте го детето. Не терајте го да јаде со сила бидејки можете да предизвикате одбивност кон храната.

-       Послужете му како пример на детето. Најдобро би било семејството да јаде заедно.  Покажете му дека и Вие уживате во храната што ја подготвивте за сите.

-       Слатките и грицките се најголеми непријатели на добрата исхрана. Понудете му на детето слатки  по главниот оброк, да речеме како закуска со свежо цеден сок или чај. Децата треба да имаат две закуски: најдобро е тие да бидата овошје, јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници) или сушено овошје.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Само мајките на ќерки го знаат ова!
Дали имате една или повеќе ќерки? Тогаш дефинитивно ќе се препознаете во дел од следниот список. Ако, од друга страна, б...
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Како да му помогнете на детето со аутизам
Раната интервенција е клуч за подобрување на изгледите за децата со аутизам, невролошко нарушување што ја оштетува кому...
4
Дискалкулија кај децата: Како да им помогн...
Развојна дискалкулија е состојба која се среќава кај деца со нормална интелигенција, а сепак имаат потешкотии во совладу...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?