|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Не го вртете детето држејќи го за раце

Редакција Рингераја, 14.3.2019
Не постои родител кој не го завртел своето дете околу себе дрејќи го за раце. Сепак, една мајка има совршена причина која ќе ве увери да не го правите тоа
Клучни зборови:

image
/11


Веројатно илјадници пати сте се нашле во ситуација вашето дете да ве премоли да го завртите држејќи го за рацете.
„Мојот сопруг и јас научивме на потежок начин како да останеме рамнодушни на молбите на нашите деца и никогаш повеќе да не помислиме да ги завртиме.
Иако вртењето на децата е речиси секогаш забавно, постои сериозна причина следниот пат да ја одбиете нивната молба. Имено, зглобовите на малите деца се уште не се потполно развиени, лигаментите на таа возраст се лабави, такашто коската може лесно да се измести, односно, да излезе од зглобот на лактот.
Оваа повреда (извлечен лакт), обично им се случува на децата помали од четири години. Токму тоа неодамна ? се случи и на нашата двегодишна ќерка. Бевме на роденден, а таа упорно го молеше мојот сопруг да ја врти, што тој секако и го направи. Беше бескрајно забавно се до еден момент. Не знаеме што точно се случи, во во еден момент таа почна сино да плаче.
Се се случуваше во период кога таа обично спие, па мислевме дека е поспана. Некако ја успавме, но кога се разбудивме, плачењето продолжи. На патот до дома, забележавме дека не ја држи раката нормално, па отидовме во брза помош.
Лекарите успеаја да го вратат лактот во лежиштето – што е инаку многу болно. И иако симптомите ги снемува во истиот момент кога коската ќе се врати во лежиштето, проблемот е во тоа што кога лактот еднаш ќе излезе – голема е веројатноста дека повторно ќе се исчаши. Мојот сопруг после се чувствуваше голема вина, но среќа e што сепак го забележавме ова на време.
Затоа, следниот пат кога детето ќе ве замоли да го вртите, никако не го правете тоа или барем фатете го под пазувите, како кога го кревате, затоа што така вртењето е сепак многу посигурно“, вели оваа мајка.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3
Правилен раст и развој на децата
Пореметувањата во развој на најмладата популација на коскено-зглобно-мускулниот систем се секогаш актуелен проблем. Дене...
3
Помогнете му на детето да стекне самодоверба
Само да ги воспитувате своите деца и да се надевате дека ќе се подобрат со тек на време не е доволно. Како родители, тре...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?