|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето кое не игра е болно дете?!

Редакција Рингераја, 9.11.2017
Кога повторно би се вратила играта, детскиот џагор на улиците, играњето игри во групи, другарување, почитување, социјализација, развивање на говор, развивање на моториката, игри со кал, одење боси, сето тоа ќе придонесе за поздрав развој на децата
Клучни зборови:

image
/11



Детето кое не игра е болно дете, но исто така и дете кое се заштитува од игра и на кое му се забранува да игра, ќе западне, односно ќе доживее физички и ментален хендикеп, смета дефектологот Маја Невчевска – Станкоска.

Сведоци сме дека денес децата подоцна ги кажуваат првите зборови, а кога ќе прозборат, тоа е најчесто на англиски јазик. Говорот е оскуден, или пак не соодветстува на годините на детето. Но, исто така се забележува недоразвиена фина моторика која им задава потешкотии на децата во предучилишна, но особено во училишната возраст. Тешко им оди од рака играњето во групи. Наместо слободното време да го поминуваат надвор, во природа или пак пред зграда или куќа, тие седат затворени дома, пред таблетите и паметните телефони.

Токму поради тоа здружението за дислексија „Ајнштајн“ реши да изнесе децата во природа, на Водно, и таму да ги играат игрите со кои ние пораснавме – народна, плочка, криенка, сакате ли војна, штркот бира боја итн.

Според искуството на Невчевска – Станкоска денес децата не знаат правилно да го држат моливот (трочлен стисок), имаат намалена концентрација, внимание, помнење. Се јавува зависност од игрите на компјутер, таблет кои ги играат и нивниот фокус е само на тие игри, а не и на секојдневните активности.

– Многу важно е да се нагласат и агресивните сцени во видеоигрите со бруталноста која доминира, па без исклучок влијае и врз негативно однесување кај децата кои што ги играат тие видеоигри. Исто така, се почесто се забележува кај децата до три годишна возраст како тие говорат на англиски, а воопшто не го познаваат мајчиниот јазик – објаснува Невчевска – Станкоска.

Може ли да ни кажете нешто повеќе за проектот Криенка VS Таблет?
НЕВЧЕВСКА-СТАНКОСКА: Проектот Криенка VS Таблет потекнува од потребата на децата повторно да им се врати детството и детските игри кои се многу важни за нивниот развој. Се повеќе гледаме деца на предучилишна и училишна возраст кои немаат говор или говорот е оскуден и не соодвествува со календарската возраст на детето. Исто така вакви состојби се манифестираат на психолошкиот, емоционалниот и физичкиот развој на децата. Во светот на детската игра постои согласување дека играта е се помалку обична забава. Се согледува дека играта е важен услов за здрав психофизички развој и условува хармоничност на физичкиот, интелектуалниот и емоционалниот развој на детето. Моторниот развој на детето е од голема важност за неговиот целокупен развој бидејќи тој претставува подлога за развој на интелектуалните и емоционалните способности. Грубата моторика е основа за развој на фината моторика, таа е условена од развојот на мозокот и мускулите. Децата кои имаат добро развиена груба моторика полесно ќе научат да пишуваат или да редат бисери и монистри. Тие ја развиваат грубата моторика во секојдневните активности, но пожелно е да се стимулира развојот на моториката преку игра. Препорака од СЗО е минимум еден час децата да бидат надвор, во природа и да имаат соодветни физички активности. Така дојдовме до идеја за овој проект кој го спроведува здружението за дислексија „Ајнштајн“, финансиран од Фондација отворено општество. Во проектот спроведуваме осум забавни денови со ученици од IV одд., две работилници арт терапија, планинарење на Водно и играње игри како што се: народна, плочка, криенка, сакате ли војна, штркот бира боја итн. Прекрасно е чувството кога ги гледате насмеаните и среќни детски лица кои едноставно уживаат во природа, на сонце и ги играат игрите со кои и ние сме пораснале.

Какво е вашето искуство со децата кои премногу време поминуваат на технолошки направи?
НЕВЧЕВСКА-СТАНКОСКА: Детето кое не игра е болно дете, но исто така и дете кое се заштитува од игра и на кое му се забранува да игра, ќе западне односно ќе доживее физички и ментален хендикеп. Се почесто се соочуваме со деца кои подоцна прозборуваат, говорот им е оскуден, но исто така се забележува недоразвиена фина моторика која им задава потешкотии на децата во предучилишна но особено во училишната возраст. Децата не знаат правилно да го држат моливот (трочлен стисок), имаат намалена концентрација, внимание, помнење. Се јавува зависност од игрите на компјутер, таблет кои ги играат и нивниот фокус е само на тие игри, а не и на секојдневните активности. Многу важно е да се нагласат и агресивните сцени во видеоигрите со бруталноста која доминира, па без исклучок влијае и врз негативно однесување кај децата кои што ги играат тие видеоигри. Исто така, се почесто се забележува кај децата до три годишна возраст како тие говорат на англиски, а воопшто не го познаваат мајчиниот јазик. Недоволно се развива не само рецептивниот, туку и експресивниот говор. Никако не смее да се дозволи децата да јадат гледајќи во телефон или таблет, тоа е само механичко голтање без вклучување на сетилата. Најчесто гледаме како на децата им даваме телефони или таблети со цел да бидат мирни и да не плачат, што исто така е многу погрешно. Едноставно мора да почнеме да ја подигаме свеста за тоа колку штетно влијаат телефоните врз развојот на децата особено на деца до десетата година. Во 2007 година, Гејтс, поранешен извршен директор на Мајкрософт, вовел ограничување на екранот кога неговата ќерка почнала да развива нездрава приврзаност кон видео игра. Тој, исто така, не им дозволил на своите деца да добијат мобилни телефони додека не наполниле 14. (Денес, просечната возраст за дете кое го добива својот прв телефон е 10.)

Колку е премногу време на таблет и телефон?

НЕВЧЕВСКА-СТАНКОСКА: Во зависност од тоа што се работи на телефон и таблет може да го одредиме времето за користење. Но, за бебиња и деца на предучилишна возраст со часови да седат и гледаат во телевизор, телефон и таблет без никаква интеракција со своите родители е навистина загрижувачки. И на бебињата и децата треба да им се обрне внимание и да се следи социо-емоционалниот развој, комуникацијата, видот (дали следи активност од една до друга страна и дали двете очи ги движи заедно), моторните движења на рацете и нозете (локомоторни способности, постуларни способности и манипулативни способности). Сето ова денес се запоставува, бидејќи најлесен начин бебињата/децата да се тивки е да им се даде телефонот пред нив, погледот е фиксиран на едно место и не се бара никаква активност од децата, а возрасните ги извршуваат своите секојдневни активности. Потребни се промени во овие активности кога има дете во семејството и приоритет да е правилниот развој на децата. Со самото тоа што напоменав дека креаторите на ИТ уредите сами поставиле дома граница да не им даваат телефони на своите деца до 14 години сметам дека јасно кажува за користењето и времето поминато на таблети и телефони.


1


Како да се „пресече“ тоа време што се троши на техничните уреди?

НЕВЧЕВСКА-СТАНКОСКА: Општо е земено мислењето дека децата од предучилишна возраст кога се оставени сами, не прават ништо друго, туку само играат. Овој факт сам по себе зборува дека за децата на оваа возраст играта е најважна активност. Но, ова мислење е од времето пред да биде актуелна модерната технологија, до пред само неколку години.
Времето што се троши на теничките уреди треба да се пренасочи кон играње игри и насочени активности соодветни за детската возраст. Пијаже верува дека социјалните односи и социјалната интеракција се многу важни за правилниот развој на децата. Играта има социјално потекло. Историски гледно, детската игра се јавува едновремено со потребата од посебно воспитување на децата и токму затоа може да се каже дека уште од самиот почеток играта и воспитувањето се јавуваат заедно и меѓусебно тесно и взаемно се условуваат. Преку играта се учат и следат правила, се развиваат когнитивните способности, внимание, концетрација, помнење, мислење, истрајност, трпение. Потеклото на играта се наоѓа и во самата психолошка природа на детето, тоа значи дека преку играњето, особено предучилишното дете, ги задоволува имагинативно незадоволените желби и потреби. Кај тригодишно дете веќе е забележителен мотивот да го прави она што го прават и возрасните. Но, бидејќи не може да ги изведува нивните вистински активности, тоа се обидува истите да ги изведе имагинативно преку играњето. Уште позначајно е што детето открива нешто ново во светот на возрасните, нивните дејности и нивните меѓусебни односи. Во раното детство детето целосно е зафатено со предметите, сега почнува да се интересира за манирите на возрасните, тие стануваат модели кон кои тоа се стреми.
Играњето се јавува како симболичка активност преку која детските внатрешни доживувања добиваат надворешна временска и просторна структура која се разликува од самата реалност. Преку играта детето може да ги оствари забранетите желби зашто ги видоизменува во прифатлив облик.

Денес сето ова е изменето и недостасува во детскиот развој, а последиците ако не се согледуваат моментално, тие се согледуваат во подоцнежниот развој на детето. Потребно е да се вратат вредностите, дисциплината кај децата, но пред се играта. Кога повторно би се вратила играта, детскиот џагор на улиците, играњето игри во групи, со развивање на натпреварувачкиот дух, другарување, почитување, социјализација, развивање на говор, развивање на моториката, игри со кал, одење боси, трчање, сето тоа ќе придонесе за поздрав развој на децата.

Извор: Република.мк

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?