|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Првата менструација. Твојот најважен разговор со ќерката

Редакција Рингераја, 10.6.2025
Таа можеби ќе се преправа дека не ја интересира. Ќе го крене рамото или ќе рече „знам сe“. Но внатрешно, веројатно има стравови, срам и безброј прашања.

image
Мајка ќерка
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Првата менструација не е само биолошки настан. Тоа е момент на премин, на нова фаза од животот. Како родител, начинот на кој ќе и пријдете на темата, може да ја обликува нејзината слика за телото, самодовербата и здравјето за цел живот.

 

1. Не чекајте да се случи – зборувајте однапред

Многу девојчиња ја добиваат првата менструација помеѓу 9 и 13 години. Но телесните промени почнуваат и порано како што се: развој на гради, бел исцедок, емоционални осцилации. Наместо да чекате до последен момент, почнете разговори уште пред да се случи менструацијата, со едноставни објаснувања, отворено и без табуа.

 

2. Темата менструација не ја претворајте во тајна

Менструацијата не треба да биде „женска работа што не се спомнува“. Таа е знак за здравје и природен дел од животот. Кога ќе и пристапите како кон нормална појава и со почит, и помагате да не чувствува срам. Можете дури и да и покажете како се користат влошки, како да води календарче или кога да побара лекарски совет.

 

3. Подгответе „прв менструален пакет“

Направете мал несесер со неколку влошки, влажни марамчиња, чиста долна облека и мало охрабрувачко писмо. Дајте и го предвреме, со насмевка. Ќе и биде корисен и ќе го памети како гест на грижа и љубов.

 

4. Бидете тука за неа, но не наметнувајте се

Ако сака да зборува – слушајте. Ако молчи – не вршете притисок. Самото ваше присуство и отвореност и кажуваат дека може да ви верува. Секоја девојка го доживува овој период различно, на некои им е срам, некои се горди.

 

5. Вклучете го и таткото (ако е присутен)

Важно е и татковците да не се исклучени од темата. Тивката поддршка, разбирањето и нормалниот став од машка фигура создава дополнително чувство на прифаќање и сигурност.

 

Менструацијата не е крај на детството, туку почеток на ново тело што треба љубов и грижа

Како ќе се однесувате вие, така ќе се однесува и таа со себе. Покажете и дека нема од што да се срами, дека не е „нечиста“, „непријатна“ или „тешка“. Покажи и дека е нормална, прекрасна и подготвена да расте.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е KidzProbioTM во прав?
KidzPROBIO е уникатна формула од активни видови на Lactobacillus и Bifidobacterium,зајакнат со prebiotic. Ја подобрува...
4
Кога детето треба правилно да ги изговара ...
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или „Кога треба да престане да ги меша буквите?“.
4
Кои опасности демнат во Вашиот дом?
Во САД годишно умираат повеќе од 2,000 деца помали од 14 години заради повреди кои се случуваат во домот. Анализирајте ...
4
Инспиративни соби за три деца
Кога треба три деца да сместите во една соба, распоредот на кревети и столици во собата претставува вистински предизвик....
4




Анкета

ime
cece7

dali vi se dopaga

Martin (64%)

Metodij (36%)


Број на сите гласови: 146

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!