|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детето беснее, што да (му) правам?

Dragana Aleksic, semeen terapevt, 30.4.2023
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба да се запрашаат како детето се чувствува

image
/11


 

Од друга страна не е исклучено родителите да мислат дека детето не треба да чувствува бес, бидејќи животот му е лесен и убав и овозможено му е се што посакало.

Но  тие две работи немаат врска.

Без оглед на тоа колку се мали, децата можат да ги почувствуваат сите емоции – и позитивни и негативни. Со позитивните емоции е лесно, а негативните како бес, страв, лутина, тага, се вистински предизвик за родителите. Низ однесувањето на родителите, низ разговор и поддршка, детето учи да ги препознае емоциите и состојбите, да ги прифати и на крај да управува со нив. Со оглед на тоа дека бесот дава најбурно однесување, корисно е да се позанимаваме со него, бидејќи каква корист имаме ако и ние побеснимер заедно со детето?

На прво место, важно е да се разбере дека во позадина на бесот секогаш стои беспомошност, па разбирањето и поддршката од родителите во тие моменти е од големо значење. Заборавете на идејата дека детето е невоспитано, дека бара внимание, дека само ве предизвикува.

Кај децата до четири години, најчеста причина за изливи на бес е тоа што нивните моторички способности не можат да ги следат нивните желби. После неколку неуспешни обиди детето станува фрустрирано, се чувствува беспомошно, емоцијата на бес станува се појака и единствено што може во тој момент е тоа да го манифестира преку своето однесување. Замислете дека однесувањето е издувен вентил за бесот кој детето го има во тој момент. Кога родителите реагираат мирно со прашањето – Како можам да ти помогнам – или со предлог – Ајде да се обидеме заедно да го направиме тоа – некое дете ќе се смири и ќе продолжи со активноста.

Но има и деца кои ќе продолжат да беснеат, бидејќи емоцијата и понатаму е со голем интензитет. Родителот тогаш може да каже – Разбирам дека си лут, сакаш ли да правиш нешто друго? Ако детето одбие, ако продолжи да беснее и фрла се околу себе, родителот треба да внимава детето да не се повреди, да воспостави контакт со очи, да се обиде да го прегрне детето (некогаш тоа нема да му успее), да го оддалечи од просторијата и со смирен глас да каже – Ќе помине тоа што го чувствуваш сега и потоа може да разговараме. Разбирам дека ти е тешко, ќе помине. Ако викате на детето, или ако го критикувате во моментот додека се чувствува фрустрирано, нема никаков ефект. Детето не може да го разбере тоа. Да го удрите е уште побесмислено, бидејќи покрај бесот кој го чувствува, мора да се бори и со родителското неприфаќање на неговите емоции и да трпи казна и понижување.

Доколку се повторуваат вакви ситуации, спекратот на пораки кои детето ги добива преку неадекватниот однос на родителите е широк – “Мама/тато е голем/ а и тие може да викаат на мене и да бидат бесни, а јас сујм мал и не можам да бидам бесен. Кога ќе пораснам и јас ќе бидам бесен, ќе викам и ќе удирам.” или  “Кога сум добар заслужувам мама и тато да ме сакаат, а кога се чувствувам лошо тие се лутат. Јас не сакам да се лутат, па нема да им кажувам кога ќе се чувствувам лошо”, или  “Конечно ми обрнаа внимание, сега ќе беснеам за да ме забележуваат”.

Преку ваквите пораки се формира личноста и од нив се развиваат различни однесувања, кои детето ќе ги применува кога ќе порасне. Така од мирното и послушно девојче ќе стане бунтовна тинејџерка, која потиснатиот бес ќе го насочи кон себе, или кон другите.  Од мирно момче кое гризе нокти пред родителите и се контролира да не покаже бес пред родителите, ќе стане опасно момче кое тепа се пред себе. Родителите тогаш се изненадени, бидејќи нивното дете не е такво, не го учеле на тоа. Секако, не е такво пред нив...

Токму заради ваквите и слични ситуации, на време треба да се позанимавате со емоциите на детето. На прво место треба да ги разберете, да сфатите дека преду однесувањето детето говори како се чувствува. Да му дадете поддршка кога се чувствува лошо и да го уверите дека родителот е тука да му помогне.

Со разговор детето ќе го насочиме  да бара решение, а не да гледа проблем во своите емоции. Со ваков став и однесување ние градиме однос на доверба со детето и испраќаме недвосмислена порака дека секогаш може да ни се обрати и дека секогаш сме тука за него. Бидејќи тука сме, зар не?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Падови кај деца
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обиди за чекорење до лудите трки по игралиштата, падов...
16
Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
6
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Родителски битки од кои треба да се откажете
За кои "битки" треба да го преиспита својот став и да се помирите дека децата секогаш ќе ги извојуваат?
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: