|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите во семејството Даеви.

image
/141


РР: Опиши го чувството кога за прв пат стана мајка?

А.Д: Тоа беше многу одамна, дури во минатиот век 1998 година, февруари, снежен, студен. Чувството најубаво, најсилно, нешто што не може така лесно да се каже, а да биде раскажано. Кога еден нов живот се раѓа од вас... На 24 години прв пат ја почувствував таа неразделна врска меѓу мене и мојот син. Многу ми е жал што не можев да го слушнам првиот плач на мојот Иле, бидејќи породувањето ми беше со царски рез, за кој донесоа одлука лекарите поради дијабетот кој го добив во бременоста. Приказната со царски рез се повтори и со мојот втор син Давид, кој беше навистина големо бебе и се роди 4600 грама. Тие се центарот на мојот свет. Со нив животот добива друга димензија. Заедно со мојот сопруг успешно ја совладуваме секоја нова лекција од бебешката азбука.

РР: Како успеа да ги споиш професијата и мајчинството?

А.Д:  Успехот... клуч за него се волјата и борбата. Бев втора година на студии кога останав бремена, дипломската ја славев заедно со вториот роденден на Иле. Новинарството е професија која бара работата да си ја носите дома, професија во која немате фиксно работно време. Но добрата организација и поддршката од најблиските одат правопропорционално со успехот и исполнување на обврските и како мајка и како вработена жена. Искрено ова што го работам ме исполнува, ме прави среќна, но поради децата моите амбиции завршуваат со ова работно место. Иако како средношколка сонував да бидам новинар – репортер кој ќе биде насекаде низ светот, но сепак мајчинството е најубава “професија” за која треба многу одрекувања и не жалам за тоа.

РР: Дали твоите деца имаат разбирање за тоа што мама треба да оди толку рано на работа?

А.Д: Ха, ха, не да имаат разбирање, туку ретко се случува јас да заминам на емисија, а тие да останат да спијат. Вообичаено се будам кај 4.30 часот кога сум на програма, а во меѓувреме се будат и децата. И кога беа помали секогаш стануваа така рано, па на брзина ќе им подготвам нешто за појадок. Често пати пред да излезам се случува да ми кажат како сум облечена, или немој тие чевли, оние другите и слично. Сите четворица не сме спанковци и кога не сме на работа најдоцна спиеме до 7.00 – 8.00 часот.

РР: Што ти е најтешко во делот мајчинство?

А.Д: За моите деца никогаш, ништо не ми е тешко, колку и да сум изморена, нерасположена и слично. Секогаш сум подготвена да одговорам на нивните барања, потреби, желби, но сепак најтешко ми е кога се болни. Со поголемиот син поминав навистина многу, бидејќи на само 10 месеци ја имаше првата операција во животот и тие периоди од мајчинството ми беа најтешки, но ме направиjа посилна.

РР: Дали додека беше бремена имаше потешкотии во обврските на работа?

А.Д: Во првата бременост се уште не работев, а кога по втор пат останав бремена уште од третиот месец имав патолошка бременост, па морав да мирувам и затоа ја напуштив работата.

РР: Како е да се биде мајка на два сина? Имајќи во предвид што машките имаат други потреби и игри и сфаќања за разлика од женските?

А.Д: Да се биде мајка на два сина е предизвик. Кога прв пат останав бремена многу посакував да родам машко, а за второто сакав женско, но денес сум пресреќна што ги имам моите две машки деца со кои сум како другар. Уживаме кога сме заедно. Правејќи споредба со тоа како мајка ми постапувала со мене и сестра ми, мислам дека нема некоја разлика што моите деца се машки. Ги учам на тоа дека животот знае да биде и суров и сладок. Им помагам таму каде што тие не можат, но не дозволувам да бидат “мамини мази”. Играм со нив и видео игри и фудбал и пинг-понг. Уживам во моментите како да сум едно големо дете, благодарение на моите синови. Од друга страна веќе ги имаат годините кога се обидуваат да изберат со кого ќе се дружат, кој им одговара во играта и разбирањето на нештата околу себе. Постојано им повторувам никогаш први да не се задеваат, но секогаш кога друг ќе ги задева да не бегаат, туку да се бранат. Настојувајќи да ги заштитам од пороците на векот постојано и отворено зборуваме за сите тие добри нешта.

Авторитет НЕ, мајка ДА! Сакам сами да сфатат и научат дека почитувањето кон родителите и воопшто почитта кон луѓето е нешто кое треба да го имаат засекогаш. Добар пример за тоа сме јас и сопругот, децата едноставно учат од нас гледајќи како ние се однесуваме кон нашите родители. Се трудам да направам добри луѓе од моите деца, пред се корисни за себе, а потоа и за општеството во кое живеат.

РР: Имаш интерес кон моторите. Несекојдневно за жена. Од каде таа љубов?

А.Д: Мојот немирен дух е компатибилен со жена која сака мотори. А главен “виновник” за мојата љубов кон возбудата на две тркала е сопругот. Ја сакам брзината, но само до онаа граница кога уживањето не преминува во страв. Верувајте нема поубаво чувство кога ветерот го сечете со сопственото битие, заштитени само со јакна и кацига. А ноќното возење е ненадминливо чувство.

Сузуки – Вестром 1000 е петиот член на семејството Даеви. Дружењата, авантурите, патешествиата со мотор, не може да ги замени ниту едно друго превозно средство. Благодарение на моторот посетив места за кои никогаш не сум ни слушнала, ниту знаела дека постојат и дека се толку блиску до мене. Со душа чекам да се дружам со моторот кој полека се буди од зимскиот сон.

РР: Каква свекрва ќе биде Анета?

А.Д: Свекрва... хаха и тоа здравје дупла. Ќе се трудам максимално да им бидам од корист на снаите, да не им се “мешам у штипки“. По природа не сум личност која се кара и жена што влегува во конфликти и знам дека најлесно е да најдеш некому мана, да се искараш со некој, но каде води тоа... Ќе се обидам да им бидам пријател на кој ќе можат да сметаат во секое време.

РР: Твоето мото за среќен живот.

А.Д: Среќата е состојба, а животот дејство. Здравјето на моите најмили е она што ме прави среќна, кога при секоја наша разделба, па макар и кога се испраќаме за на училиште, работа, задолжително следува бакнеж и прегратка (истото важи и за сопругот)... Џабе се сите богатства на светот ако нивниот вкус е горчлив, а така е кога во едно семејство нема хармонија, разбирање, љубов... Среќата во мојот живот ќе ја исполни нејзината мисија кога ќе ги видам моите деца како успешни луѓе кои на чесен начин и со сопствен труд уживаат во животот. Се надевам дека Господ ќе ми дозволи да го доживеам тоа...

РР: Како ја доживуваш Рингераја.мк?

А.Д: Рингераја... е едно големо сајбер семејство чии членови живеат со мотото на тројцата мускетари “Сите за еден – еден за сите” (барем јас ве доживувам така). Советите, искуствата, случките од животот се голема поддршка и помош за посетителите на сајтот, бидејќи секој од нас во определен дел од животот ја има премиерната улога на мајка, баба, татко, снаа итн. Улоги за кои нема проби. Ова што го правите со заедничките дружења во живо само ја потврдува тезата “Кога се сака, се се може”. Продолжете во тој правец и секогаш следете го патоказот на кој пишува ЉУБОВ!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?