|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Да не ти даде Бог она што мајка ти мисли!?

Редакција Рингераја, 29.5.2019
Да не ти даде Бог она што мајка ти мисли, вели старата народна поговорка. Општо познато е дека во секоја шега има половина вистина, а во оваа има и многу повеќе

image
/11


На нас родителите би ни помогнала некоја сериозна статистика која говори за процентот во кој нашите предвидувања, кои неподносливо потретуваат на хорор филмови, НЕ се остваруваат. Значи НЕ се остваруваат! Велат дека тој процент е преку 85%.

Денес сме премногу изложени на негативни и загрижувачки информации, преку 24 часа достапните медиуми. И тоа е најголемата промена во однос на децениите кои се зад нас. Со помош на медиумите знаеме која мака го мачи некое девојче во Кина, некое куче во Германија и дека му се слошило на некој возач на автобус во Грција. Нормално дека сочувствуваме, но не можеме да помогнеме. Примената информација и немоќта, во комбинација, неприметно се претвораат во страв, кој ни се вовлекува в коски.

Од друга страна, информациите не опоменуваат што се може да се случи и не држат во состојба на внимателност, значи имаат и своја цел.

А што да правиме со стравот кој не заробил?

Ви предлагаме во главата да направите програма која ги преработува информациите на поинаков, реален начин.

Тогаш веста, од која е невозможно да побегнеме, ќе звучи вака:

“Денес милиони деца ширум светот, на возраст од 8-18 години, безбедно стигнаа во своите домови од училиште, без надзор од родителите, одејќи по осветлени улици и преминувајќи безбедно на пешачки премин. За жал, во мал град на северот на Германија, едно дете доживеа сообраќајна несреќа...”

Или: “Денес милиони деца тргнаа на екскурзија, возејќи се безбедно во 5 милиони автобуси и милион авиони ширум светот. Убаво си поминуваат со своите другари и создаваат спомени за цел живот. Така беше и во сите денови и во претходните шест месеци. Но за жал, за тоа време, еден автобус во Јапонија излета од патот.”

Дали на тој начин се оградуваме од болката на семејствата која му се случила на семејствата во Јапонија? Не, бидејќи сме немоќни да ја промениме информацијата која ни е сервирана, немоќни сме да помогнеме и на било кој начин не можеме да влијаеме на конкретната случка. Суштината на емоционалната писменост, која во животот ни носи помалку грижи е да научиме влијанието на средината да го делиме на она што е вон нашата моќ, од информации кои се во нашето поле на делување.

Да направиме разлика.

Несреќата во Јапонија – не е наше поле на делување. Ако на улицата во која живееме и недостасува семафор – да, тоа е наше поле на делување. Тогаш треба да се организираат комшиите, да се напише молба, да се викнат медиумите...така може да се направи овој свет уште побезбеден.

Секое време носи промени и потреба да се прилагодуваме. Нам ни донело повеќе информации отколку што ни требаат. Како резултат на тоа, додека нашето дете се санка во парк, ние очекуваме залутан воз да помине баш тука и сега. Од тој страв сме нервозни. Од нервоза сме уморни. Од замор им викаме на децата. И после не гризе совеста... И така натаму и така натаму...

Нашиот среќаметар, после потенцијално убав и весел ден, а се заради нашето предвидување, страв и замор, не ја забележал среќата.

Поинаку, пореално и посвесно режирајте ја својата фантазија.

Понекогаш не е се во нашата глава, фантазијата, предвидувањата. Невеселата реалност не гледа право во очи и бара дрско од нас да најдеме сила да ја свариме. Сепак, тогаш ќе се сетите, животот е долг и секоја емоција може да не погоди на тој пат.

Сепак, најголем дел од тие емоции навистина произлегува од нашите претпоставки што ќе ни донесе утрешниот ден. Бидејќи надежта последна умира, да се надеваме на добро, а во меѓувреме да бидеме претпазливи и одговорни.

Еден ценет психолог рекол дека мајка му, на смртната постела, силно жалела што целото време мајчинството го поминала во страв за здравјето и иднината на својот син и не уживала доволно, а нејзиниот син тогаш имал педесет години и бил здрав, образован и успешен.

Мислете на тоа.

 

Автор: Снежана Голиќ, педагог

Извор

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2
Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
2
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
2




Анкета

имиња
macka

кое име ви се допаѓа повеќе

дејан (11%)

ненад (15%)

давид (74%)


Број на сите гласови: 137

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!