|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Десет најголеми детски стравови

Редакција Рингераја, 27.8.2018
Стравовите се неизбежен дел од животот, кои се појавуваат во различни фази од развојот, особено кај децата. Што ги предизвикува и што да се направи ако стравот премине во нарушување коешто пречи во развојот на детето?

image
/11


Стравовите се неизбежен дел од животот, кои се појавуваат во различни фази од развојот, особено кај децата. Што ги предизвикува и што да се направи ако стравот премине во нарушување коешто пречи во развојот на детето?

Стравот, во основа, нè штити од впуштање во опасни ситуации и нè учи да бидеме внимателни. Децата за многу нешта немаат страв, но затоа се тука родителите, кои ги заштитуваат со нивните стравови. Така децата учат што е опасно, а што не е.

Стравовите поврзани со развојот настануваат во времето на промени во животот на детето. На пример, мајка излегува во парк со едногодишно девојче, кое за првпат се одделува од неа, за да разгледа интересна лулашка. За кратко време, девојчето чувствува страв, почнува да плаче и се враќа кај мајката. Во овој случај, нејзе стравот ? помага да истражи нешто ново, но и да не се изгуби. Слично е и со постаро дете. На пример, кога детето учествува во спортски натпревар на кој постигнува резултат, во моментот кога се појавува родителот, кај него се појавува чувство на гордост, наместо претходната несигурност, плашливост и изгубеност. Со ова, детето направило чекор понатаму во растењето.

Промени во растењето можат да бидат и тргнувањето во градинка, во училиште, почетокот на пубертетот, адолесценцијата… Стравовите поврзани со овие развојни фази исчезнуваат кога истите ќе бидат поминати и детето се навикнува на новите ситуации. Секако, во овие ситуации важна е поддршката на блиските личности, како што се родителите, членовите од семејството или пријателите. Кога нив би ги немало, траењето на стравовите може да биде уште подолго.

Најчести стравови кај децата (а што некогаш остануваат и во подоцните фази од животот) се: темнина и мрак, разделби, губење на љубовта, чудовишта и провалници, некои животни, вода, грешки, болест и смрт, осамостојување и лекари.

Кога детето се плаши, родителот треба да биде тука за поддршка, колку и да се чини стравот неоснован или смешен. Стравовите се дел од развојот и за да се спречи тие да предизвикаат понатамошни последици, потребно е родителите активно да се вклучат во нивното надминување. На тој начин детето ќе научи да излезе на крај со тоа што го плаши, па дури и да го победи, а целиот тој процес е полесен кога е проследен со прегратки и внимание.

 

1

 

Совет до родителите: Вашето дете треба да знае дека го сфаќате сериозно и дека сакате да му помогнете во надминувањето на стравот. Заедно цртајте ги стравовите, играјте улоги во кои тие се победени, споделете со детето од што вие сте се плашеле во детството и како сте го победиле стравот. Така ќе ги мотивирате и самите да се изборат против него.

За жал, стравовите кои ќе останат неидентификувани или кои детето ќе се обиде да ги надмине без поддршка од блиските, носат ризик за потешки нарушувања понатаму во животот, како што е на пример, депресијата. Стравот може да биде предизвикан и од смрт на блиска личност, разделување на родителите, болести во семејството, телесно казнување, злоупотреба или емоционална запоставеност. Сите овие ситуации може да преминат во нарушувања.

Понекогаш, однесувањето на исплашеното дете се толкува како незаинтересираност и немотивираност, а ваквата состојба може да предизвика напнатост, бурни реакции, па дури и болки во стомакот и главата. Кај постарите деца силните стравови се манифестираат преку забрзан пулс, потење, треперење на телото, завлекување на зборовите и неконтролирани движења со делови од телото (тикови).

Затоа, родители, доколку забележите дека вашето дете покажува знаци на страв, проследени со наведените симптоми, обидете се да му помогнете, макар тоа и да вклучува ангажирање на професионален психолог.

 

Преземено

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
8
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?