|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата и самостојноста

Ана Метикос, 4.5.2010
Многу често се случува децата до тргнување на училиште да не знаат да си ги врзат чевлите, патиките, да ја закопчаат јакната, да ги спремат своите работи и некои такви слични ситуации.
Клучни зборови:

image
/11


 

Со тргнувањето на училиште од детето се очекуваат многу обврски. Но бидејќи дотогаш сите обврски за него ги извршувале родителите, тоа не може да се снајде. Да, родителите се виновни што детето не знае да направи некои основни работи самостојно. Тие наместо да го научат, тоа го правеле наместо него, иако детето за тоа било способно многу порано. Поради тоа е важно детето да се навикнува да извршува многу работи порано, за да се осамостои и без страв од неуспех да може да се соочи со потешки задачи. Секако, тој процес треба да оди постепено и во согласност со психофизичките способности на детето. 

Децата кои  на претшколска возраст секогаш  добивале се што ќе посакаат и чии  желби родителите брзале да им ги исполнат, обично на училиште стануваат фрустрирани  кога учителката не може да им посвети поголемо внимание или кога ќе дојдат во конфликт со врсниците. Прво, тие се навикнати постојано некој да ги гали, а второ- немаат развиено работни навики, ниту сигурност во себе. Таквите деца се несамостојни и потполно зависни од родителите. Во поголемиот број случаи, таа зависност продолжува и понатаму, па родителите наместо да им помагаат и да ги поттикнуваат децата да ги завршуваат задачите, тие самите им ги читаат книгите, им пишуваат задачи, бојат, цртаат.... Доколку детето не знае да нацрта некој лик, треба да му покажете како се црта, но потоа од него да побарате самото тоа да го направи. Инаку детето постојано ќе го бара тоа од вас, да ги завршувате неговите задачи, наместо него.

 
Освен тоа , детето на тој начин нема да успее да ја развие својата креативност.. Токму како што вели старата поговорка “Без мака, нема наука”, па така и на детето треба да му се објасни дека е потребно да се вложи труд за да има резултати, така што неговата крива куќа е стопати поубава од куќата што ја нацртале мајката или таткото, бидејќи детето само се потрудило да ја нацрта и дека таа е во потполност негова. За таквиот труд родителите нормално треба да го наградат детето и така да го поттикнат да работи само. 
 

Постојат четири фази во развојот на детската самостојност:

1. Фаза кога детето не сака нешто да направи, бидејќи не знае или не може 
2. Фаза кога детето сака нешто да направи, но не знае како или не може

3. Фаза кога детето сака и знае да направи, но не секогаш

4. Фаза кога детето сака да направи, знае и може да направи 

 
Не може да се очекува од детето да направи нешто ако претходно  не научило и не вежбало. Како детето расте, тоа преминува од една во друга фаза, но може да се случи и да се врати во претходната фаза доколку со него не се работи континуирано и доколку во претходната фаза не се зацврстило доволно. За тоа може да придонесат несогласувањата во семејството, развод, раѓање на ново дете, селење и слично.

 
Значи, сите брзи промени во семејството  можат да придонесат детето кое дотогаш било самостојно и само ги завршувало своите обврски, да стане поврзано со родителите и да бара нивна помош и присуство додека работи, не поради тоа што не знае или не може, туку поради тоа што му е потребно нивното внимание. Во тие моменти многу е важно родителите да не го одбијат на груб начин, бидејќи тоа може со себе да повлече многу последици почнувајќи од повлекување на детето во себе, до одбивање на послушност, напади на плачење, одбегнување на своите обврски и слично. До тоа доаѓа поради тоа што детето се чувствува отфрлено, несигурно во новонастанатата ситуација, а засолништето што го барало кај родителите не го пронашло. Доколку се случи кај детето да се примети несигурност, губење на самодовербата и потреба за присуство на родителите и нивна поддршка додека работи, ќе треба да ги согледате причините за таа стагнација на самостојност и секако да му се даде поддршка без разлика на возраста и фазата на самостојност.  
 

За да ја зајакнат таа самостојност кај детето, родителите треба постојано да го бодрат, храбрат, поддржуваат во неговите обврски, секогаш да имаат зборови со пофалба за неговата работа, да му доделат комплименти или да му дадат надеж дека наредниот пат ќе биде подобро, доколку уште малку се потруди. Многу е важно детето да не го критикувате, туку убаво да му укажете на евентуалните грешки и да го поттикнете повторно да го направи тоа, истакнувајќи дека и сега е добро направено со оглед на тоа дека немало помош од никој. Зборовите на поддршка и поттикнување се: “Ти тоа го можеш и сам / а” , “Мислам дека си веќе доволно голем / а, тоа сам / а да го направиш “, “Баш убаво што го направи тоа сам / а, секоја чест!” , а би требало  да ги кажувате во секоја ситуација кога детето ќе направи и најмал напор за самостојна работа.   

Неизграденото чувство на самостојност, самодоверба и подготвеност да се впушти во нови ситуации, може подоцна негативно да влијае врз неговиот живот и работа, конфликт со средината, отфрлање, повлекување во себе, со еден збор да стане асоцијална личност. Затоа е важно уште од мало детето да го поттикнувате на самостојност и да го поддржувате во неговите желби нешто само да направи, и со пофалби и награди да го поттикнете да работи понатаму самостојно, давајќи му соодветна помош и објаснувања. Само така, детето ќе стекне самодоверба и чувство на сигурност, како и подготвеност да се соочи со новите животни предизвици.

 
Постојат кризни години, низ кои  скоро секое дете поминува во детството. Првиот период е меѓу 2 и 3 години, другиот  кога има 6 години, па 9 и потоа доаѓа пубертетот. Тие рани детски кризи се пропратени со инает.  
 


2.годишна  криза: 
Оваа криза е за доверба и недоверба. Детето сака да ги тестира своите граници и границите на родителите. Детето сака многу работи, но сепак е несигурно. Ова е време кога мисли „Јас можам сам/а“. Инаетот детето го искажува низ кофликт кој го има самото со себе. Тие и знаат и не знаат што сакаат, а тоа може да предизвика и конфликти со околината. Желбите на детето се надоврзуваат една со друга, а трпението на родителите се намалува.

Родителот може да покаже повеќе разбирање за детските чувства. Во овој период кога се е ново за детето, кога желбите се многубројни и различни, не е лошо да имате цврсти ставови.

 

6. годишна криза: 
Во овој период се работи за самодовербата и чувството на вина. Детето полека е свесно за очекувањата кои доаѓаат од околината. Многу нови работи се случуваат во овој период, на пример детето тргнува на училиште и со тоа станува “големо”. Очекувањата од околината и несигурноста во себе може да доведат до уназадување и детето повторно да сака да биде “мало”, за да ја избегне одговорноста.

Родителот може да му помогне на своето дете да ја гради  самодовербата со тоа што ќе го фали, ќе му биде достапен и што е најважно нема да го критикува. Цврсти ставови се исто така пожелни за подигнување на самодовербата кај детето. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3
Детето има испакнати уши. Како да се испра...
Испакнатите уши се извор на непријатност не само кај децата, но и кај возрасните. Ако бидат преземени мерки навреме, пр...
3
Кои деца се доцни прозборувачи?
Деца на возраст од 2-4 години кои е развиле говорни вештини, а при тоа немаатдијагностицирано неможност, развојни отстап...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?