|      

Анџелина Џоли, помеѓу семејството и кариерата

Автор: Редакција Рингераја | 6.1.2012
image

Анџелина Џоли, како мајка на 6 деца со голем напор успева да го испланира времето за да има доволно време за работа, а да помине време и со семејството.

 

Пријателите кои добро ја познаваат Анџелина Џоли велат дека тимската работа и делењето на обврските помеѓу неа и нејзиниот партнер Бред Пит и даваат можност сеуште да вложува во кариерата. Но, знаејќи ја Анџелина, за неа семејството е секогаш на прво место.

 

Самата Анџелина изјавува дека никогаш и за ништо нема да го жртвува времето поминато со семејството. „Бред и јас можеме да направиме добар распоред, во кој сепак жртва ќе биде работата, а не времето со семејството“, објаснува Анџелина.

 

Се' правиме за да поминеме повеќе време заедно а и да ги завршиме работните обврски. Кога јас работам, Бред ги носи децата на училиште и обратно. А после училиштето и работните обврски заедничките семејни моменти се најголемата радост за сите, вели Анџелина.

 

Некои магазини веќе почнаа да пишуваат дека Џоли сака повторно да го прошири семејството. Џоли постојано се шегува за желбата да има тројка и со Бред веќе разговараат за проширување на семејството со друго дете, велат нивните заеднички пријатели.

 

Анџелина не ја плашат и двете високоризични бремености, кога се справуваше со висок крвен притисок и разви гестациски дијабетeс. Нејзината желба да им подари уште едно братче или сестриче, а можеби и тројка на своите деца е поголема од стравот за ризичната бременост.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

Најубаво машко име
SandraR

<3

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк