|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

5 природни масла за здрава коса

Редакција Рингераја, 24.6.2014
Косата бара посебна грижа во летните месеци. Природните масла се меѓу најефикасните природни лекови за нега на косата
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Масло од лаванда

Маслото од лаванда помага за раст на косата. Соодветно е за секој тип коса и спаѓа меѓу универзалните природни масла. Маслото од лаванда можете да го користите во различни домашни маски против првут и за оштетена коса. Маслото од лаванда се препорачува кај алопеција. Добро се комбинира со масло од јојоба и масло од рузмарин.

Измешајте 10 капки масло од лаванда со 5 капки масло од рузмарин и 4 капки масло од јојоба. Чувајте ја смесата во темно стаклено шишенце. Нанесувајте на скалпот и по должината на косата еднаш на 10 дена за забрзан раст.

 

1


Масло од рузмарин

Маслото од рузмарин е богато со витамин Б, железо и калциум. Соодветно е за тенка коса. Обично маслото од рузмарин се продава во многу висока концентрација, па ви препорачуваме да го растворате во други масла - најдобро во маслиново масло. Интересно кај маслото од рузмарин е дека помага при предвремено белеење на косата.

Направете си маска за сува коса со 1 авокадо, 15 капки масло од рузмарин и 2 лажици кокосово масло. Нанесете на скалпот и по должината на косата. Оставете 30 минути и исплакнете. Правете го третманот еднаш на 2 недели.

 

2


Масло од јојоба

Маслото од јојоба е богато со витамини А, Е и D. Тоа е меѓу маслата, погодни за секаков тип коса. Маслото од јојоба можете да го користите ако сакате да го засилите растот на косата. Едноставно нанесете на скалпот еднаш на 2 недели. Оставете го на главата 20 минути и измијте.

 

3


Масло од авокадо

Користете масло од авокадо, ако имате многу оштетена коса. Ако сте претерале со фигарото и пеглата, 1-месечна терапија со масло од авокадо ќе ви го врати свежиот изглед на косата. Маслото од авокадо спречува нерамномерност на косата. Богато е со витамини А, Е, Б6 и D.

Направете си лесна маска за потхранување на косата со 1 јајце, 1/2 лажици мед, 1 лажица масло од авокадо и 1 лажица маслиново масло. Нанесете на косата и оставете 10 минути. Измијте ја со шампон и млака вода.

 

4


Масло од калинка

За да ја заштитите косата во текот на летото, нанесувајте масло од калинка. Природното масло од калинка е богато со витамин Ц, В5, железо и калиум. Освен што формира филм околу влакното, маслото од калинка и додава гламур на косата. Единствено негативно на маслото од калинка е што е доста скапо.

 

5

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да ja украсите елката за Нова Година?
Откако веќе сте купиле совршено Новогодишно дрвце, време е да ја ослободите имагинацијата и да го украсите во духот на ...
4
На кафе кај Христина, креатор на блогот Вк...
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Низ него е раскажана приказната за неговата креаторка Христина Митрес...
4
Намалете ги сметките за струја со овие три...
Мора да знаете дека кога уредите не се исклучени од струја трошат и понатаму 24% енергија
3
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
2




Анкета

/
Jana9

Dali detskata soba ja pravevte po zelba na vaset_o dete?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!