vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Избор на бои за елката
Колку и да ви се допаѓа разновидноста на темите за празнична декорација, пожелно е да се ограничите на една. Избирајте меѓу традиционалната комбинација зелено и црвено, меѓу актуелниот дует сребрена и сина, или меѓу свечената комбинација на црвена и златна.
Се разбира, постојат и други комбинации - црвена и бела, сина и бела, зелена и сина, виолетова. Имајте на ум дека изборот на бои за новогодишна декорација треба да биде усогласен и со бојата на дрвцето. Ако сте љубители на нестандардните варијанти на елка во бело или црвено, тогаш украсите и венците треба да бидат во друга боја.

Украси - колку и какви?
Бројот на украсите на елката зависи од тоа дали претпочитате раскошна или природна декорација, како и од целокупната атмосфера дома. Некои избираат да декорираат дрвце со играчки од ткаенина, други - од хартија, трети - со мали дрвени фигури, а четврти се одлучуваат за убави стаклени украси. Ако целите побогата декорација, може да се комбинираат две теми, но во случај да сте се ориентирале кон порезервиран декор, тогаш изберете 2-3 типови на украси и држете се до нив.
Другиот избор кој треба да го направите е дали да се одлучите за повеќе, но поситни орнаменти, или за помалку но крупни и ефектни новогодишни украси. За врвот на новогодишното дрвце може да избирате помеѓу новогодишна ѕвезда, ангел, панделка, снегулка или крст. Најдобро е ако украсот на врвот на елката се стави последен, за да не остане скриен.

Украсни ленти според темата
Одберете подебели и подолги украсни ленти за раскошна декорација, или потенки варијанти за порезервиран декор. Ако сакате да се има разновидност во декорацијата на Божиќното дрво, наместо да ги замотате венците околу елката, спуштете ги од врвот вертикално надолу.

Светилки за елката
Светилките создаваат расположение и празнична атмосфера. Убаво е светлата да се во тон со боите на декорацијата - пример ако новогодишната елка е во златна боја, изберете жолти светилки, а за декорација во сино изберете бели светилки.


4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...