|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 незаборавни спомени од детството

Редакција Рингераја, 22.2.2017
Што е првото нешто на кое се сеќавате кога станува збор за детството? Сигурно и вие имате непроценливо богатство од десетина незаборавни спомени кои ви се навраќаат со насмевка и носталгија кон минатото
Клучни зборови:

image
/11


 

Сигурно имате барем еден пријател од детството, со кого се гледате и сега. И сигурно често разговорите ви почнуваат со "Ееех, ти текнува кога бевме деца како ...". А потоа сте размислувале какво е детството на вашите деца и сакате тоа да биде барем малку како вашето, безгрижно и многу весело.

Ако ги чувате живи најскриените спомени од времето кога сте биле големи колку вашите деца, тогаш имате една од најдобрите лекции. Имено како да го направите детството на децата, барем во делови толку среќно како што било вашето. Но не обвинувајте ги само децата за тоа како го поминуваат слободното време. Една од најголемите грешки на родителите во денешно време е дека не обрнуваат внимание на своите деца, туку им даваат еден таблет, за да се одморат од нив. Е, па така сигурно нема да им се создаде дури ниту еден од незаборавните спомени, кои ги имате вие од детството.

Еве каков е рецептот на среќно детство

 

1

 

Игра во барички, кал и дожд

Едни гумени чизми се можеби
најубав подарок за секое дете, бидејќи нема поголема среќа од цапање со кал, правење на калливи ќофтиња, газење во локви, ставање на хартиени чамци, итн


Борба со снежни топки, правење снежни луѓе и лизгање со санка

Едно време, сепак, беше модер
но слизгање на најлон. Тркалањето во снегот траеше со часови, а потоа следеше киснене на нозете во чаша со топла вода и сушење на водените алишта до печката на дрва. Не беше исклучено да се видат и деца со санки влечени од домашните кучиња.

 

Игра на ластик, народна, дама, крадци и полицајци...

Вообичаените игри, со кои децата
играа до мрак по улиците, по што населбата ечеше од извици на родители кои трагаат по своите деца за вечера. А вообичаениот одговор кој се слушаше, беше "Еј сега доаѓам, само уште малку ..."

 

Да имаш прачка беше богатство

Се сеќавате ли колку време поминува
вте во реката додека да фатите жаби и што ли уште не. И бевте попрецизни со прачка отколку вујко ви ловџијата со пушката.

 

Војна со пиштоли на вода

Играта со вода во текот на летото беше задолжителна. Почнувајќи од пиштоли
на вода до водени бомби - Украсна пластична кесичка или балон, полна со вода.
 

 

Цртеж со креда

Креда
та понекогаш беше луксуз, но секогаш се наоѓаа парчиња тули, на пример, кои вршеа идеална работа за да ги исцртате тротоарите и улиците во соседството.


Качување по дрвја

Качување по дрвјата
во играта криенка-миженка или пак со тајна замисла да се снабдите со сливи, цреши, јаболка, итн беше задолжително.

 

1

 

Готвење со баба

Баба даваше да сецкате, да месите, да мешате и зготвеното мирисаше преубаво и беше превкусно.

 


Ако не те закопаат до глава во песок на плажа, сигурно не си бил на море

Правење на замоци,
барање ракчиња, возење на водно тркало и се разбира јадење сладолед влегуваат во претставата за најсупер море на секое дете.

 

Игра со мама и тато

Вообичаено родителите имаат малку време за своите деца, но кога
ќе најдат, играта во детската свест останува незаборавен спомен. Затоа земете ги децата и одете на пикник, пуштајте летала, возете велосипед, одете на риболов итн

А какви се вашите незаборавни спомени од вашето детство што сакате и вашите деца да ги имаат?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите клетки со огромна моќ за живот
Во светот на медицината, постои нешто што звучи речиси магично, а сепак е длабоко научно и реално, матичните клетки
14
Розеола во претшколска возраст
Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата
7
Затоа што првите 5 се најважни на свет
ПРИВАТНА ДЕТСКА ГРАДИНКА БАМБИНИ-ОКИТЕКС
4
Детето има испакнати уши. Како да се испра...
Испакнатите уши се извор на непријатност не само кај децата, но и кај возрасните. Ако бидат преземени мерки навреме, пр...
4




Анкета

dali vredi da se saka
daniel

dali vredat tie minuti tie saati tie denovi tie godini pominati vo polevanje i cuvanje na toa cveke sto se vika ljubov a moze da svene za pomalku i od edna minuta????????????????????//

da vredi (68%)

ne,ne vredi (9%)

zavisi kako gledas na rabotite (24%)


Број на сите гласови: 34

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!