vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Дури и со ограничено познавање на англискиот јазик, родителите успешно можат да им помогнат на децата да го учат англискиот јазик со често повторување на изрази и со прилагодување на својот начин на обраќање кон детето.
Родителите понекогаш се несигурни поради својот изговор кога зборуваат англиски јазик. Малите деца поседуваат зачудувачка способност да го прилагодат сопствениот изговор за да се прилагодат на англискиот јазик од нивното опкружување. Во оваа фаза е најважно децата да почувствуваат дека знаат да зборуваат англиски и дека англискиот јазик им се допаѓа, а тоа всушност е и клучната поддршка на родителите уште од првите часови. Тие без проблем ќе ја искористат вродената способност да го прилагодат изговорот.
Зошто родителите се најдобри учители?
• Родителите може да се посветат на сопственото дете и со него да работат индивидуално.
• Родителите може да ги вклопат часовите по англиски јазик во кој било дел од денот којшто најмногу им одговара и ним и на детето.
• Родителите сами го одредуваат времетраењето на часовите по англиски јазик кое одговара на потребите на детето, на интересите и можностите за концентрација.

• Родителите најдобро го познаваат сопственото дете и интуитивно го одредуваат типот на говор кој е најсоодветен со цел на детето да му се олесни изучувањето на англискиот јазик.
• Родителите на најдобар начин успеваат да го протолкуваат расположението на сопственото дете и соодветно да реагираат. Има денови во кои децата со нетрпение го апсорбираат јазикот и денови во кои тие воопшто не можат да се сконцентрираат.
• Родителите во процесот на учење може да внесат повеќе забава, бидејќи работат со едно дете, а не со цело одделение.
• Родителите може да ја внесат англиската култура во семејниот живот и на тој начин да го прошират сфаќањето на своите деца кон сопствената и англиската култура.
(продолжува)
2 дел: Што претставува говор прилагоден на децата?
3 дел: Часовите по англиски јазик во домашна атмосфера
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...