namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Како ти поминуваат овие две недели откако оди рекламата на телевизија? Како се справуваш со новостекнатата популарност?
Добро е што Македонија игра одлично и бележи победи на Европското првенство, па рекламата целосно се вклопува во доброто расположение на народот во врска со кошарката. На шега ми велат: „Што ќе беше со тебе ако губевме во Литванија? Волкот ќе беше виновен и сите ќе станеа ловџии за да го бараат низ Скопје“. Луѓе ми довикуваат на улица и многу ми е интересно да ги слушам нивните коментари. А, ги има различни.
Кој е најкарактеристичниот коментар што си го слушнал во врска со Волкот?
Во овој период од годината многу возам велосипед и пред некој ден, на семафор, еден возач го отвори прозорот и ми вели: „Волку, Волку, кај ти е моторот?“. Натпреварот со Литванија, пак, го гледав во една кафеана во Дојран, и кога келнерите и гостите ме препознаа, веднаш почнаа да пристигнуваат секакви пијачки, од луѓе кои посакаа да ме почестат.
Дали си и приватно моторџија?
Кога ја добив улогата ме прашаа дали знам да возам мотоцикл. Им реков „да“, а всушност, вистината е „не“. Во животот се немав ниту еднаш качено на голем мотоцикл. Тоа требаше дополнително да го совладам, па ме запознаа со „Ноќните волци“, кои ми подготвија забрзан курс, ме научија како се стартува мотоцикл, како се менуваат брзините, како се управува полесно и за неколку дена бев доволно вешт за да ги снимам сцените. Затоа сакам специјално да ги поздравам “ Волците ” , кои ми рекоа дека ако решам да се префрлам меѓу моторџиите, ќе ме примаат во нивното друштво. Засега останувам на мојот велосипед, но доколку ми дојде желба за повеќе адреналин, стекнав фантастични пријатели на кои можам да им се обратам.
Какво е чувството првпат да покренеш машина од десетици или стотици „коњи“?
Многу чудно, како и целата таа иконографија. Јас не сум човек кој сака да привлекува многу внимание кон себе. А, мотоциклите и стајлингот што ја следи моторџиската филозофија - кожени јакни, црни маици, тетоважи, изразени мускули - самите за себе се магнет за погледите на луѓето отстрана. Да не зборувам за звукот што се создава кога работат моторите. Тоа е спротивно од мојот карактер, но е интересно и секако вреди да се проба.
Малку е необично, актер кој не сака да биде во центарот на вниманието. Зарем не е една од основните карактеристики на актерите егоцентричноста, желбата да се покажуваат пред луѓето?
Кај мене тие два нешта се поделени. Актерството го сметам за професија, како и секоја друга која сум ја избрал, многу ја сакам и уживам во неа. Кога ќе влезам во театар и ќе излезам на сцена, тогаш сакам очите на публиката да се свртени кон мене. Во другиот дел од денот сум обичен Игор Ангелов кому му е најпријатно да биде блиску до главните текови, но сепак, малку понастрана. Така се чувствувам најбезбедно.
Ти имаш искуство со работа пред камера, си снимал филмови, телевизиски емисии, други реклами. Што беше најтешко додека ја работевте „Волку, Волку“?
Уште кога го видов сценариото пред очи имав слика како приближно ќе изгледа. Многу добра идеја, парафраза на позната бајка, ставена во поинаков контекст. Кој и да ја смислил, алал да му е. Од тој аспект беше задоволство да се работи. А, што се однесува до тешкото, кај снимањата секогаш е тешко тоа што се максимално интензивни. Се снимаше еден ден, од утрото до вечерта, со многу повторувања и испробување разни варијатни. Плус времето беше многу топло. Но, мислам дека финалниот производ вреди за вложениот напор и оти тоа што го направивме си ја постигна целта.
Рекламата завршува со „заминување во ноќта“ на Волкот и Црвенкапа. Какво би било евентуалното продолжение?
Ооо, имаше многу варијанти. На снимањето тоа ни беше тема на денот. Малку се шегувавме со моторџиите (за што се надевам не се лутат) дека нивниот имиџ, со кожени елеци, ракавици и панталони, потсетува на геј парадите. И замислете, Волкот доаѓа на шанк и го има стандардниот дијалог со Црвенкапа: „Зошто ти ова волкаво, а другото толкаво“ и „Сега ќе ти каже Волкот...“, за на крајот од рекламата тој да качи на моторот друг маж и да замине, а Црвенката се јавува на бабата: „Бабо, бабо, ништо не направив“ и останува на шанкот. Друга варијанта е да се продолжи со бабата, која следниот ден се јавува и ја бара Црвенкапа да праша до каде стигнале со Волкот. Имаше и други идеи, меѓутоа не е вкусно да ги кажувам (се смее).
Колку ги следеше досегашните натпревари? Дали ги приспособуваше другите обврски на термините за преноси?
Жал ми е што не го гледав мечот против Грција. Јас сум голем љубител на планините, често ги шетам (дури и кога важи забраната) и бев на Бистра во тие моменти. Но, преку телефон ме информираа за секоја промена на резултатот. Слично беше и за натпреварот со Русија, бидејќи тој ден имав снимање во Охрид и токму додека се играше, ние се враќавме за Скопје. Другите ги гледав, а како што одиме се ’ повисоко во пласманот, преносите стануваат приоритет.
Кој натпревар го доживеа најемотивно?
Со Литванија. Многу драматичен крај, а се решаваше за нашата судбина на шампионатот. Важно е и полуфиналето и сите претходни, меѓутоа четвртфиналнот меч не’ внесе меѓу најдобрите четири, што прави голема разлика.
Снимањето во Охрид, кое го спомена, се однесува на филмот „Трето полувреме“ од Дарко Митревски. И таму имаш врска со спортот.
Да, јас сум дел од фудбалскиот тим, кој е еден од клучните сегменти на филмот и играм голман. Сефтето го направивме во Охрид, а од 19 или 20 септември продолжуваме во Скопје, поточно во Хавзипашините конаци, каде ќе се снимаат фудбалските сцени. Важно е дека тргна целата таа машинерија, за која се подготвувавме неколку месеци и е собрана одлична екипа. Со оглед на сето тоа и на сценариото, очекувам дека ќе направиме филм, што публиката ќе оди во кино да го гледа.
Каква театарска сезона те очекува?
Сакам да искажам благодарност за Драмскот театар, кој покажа максимално разбирање за моите ангажмани околу „Трето полувреме“, зашто снимањето игран филм значи подолго отсуство од редовните обврски. Но, и покрај тоа, ќе имам стандардно добра сезона. Не можам сега да зборувам за новите премиери, бидејќи е прерано, но сигурно е дека ќе ги има. Инаку, играм и во претставата „Рекламна бајка“ во Театарот за деца и млади, што ми е особена чест. Премиерата беше во јуни, на крајот од сезоната, а сега се обновува и ќе продолжи на репертоарот. Првпат гостувам во тој театар, и толку уживам во работата таму, што се надевам дека ќе ја продолжиме соработката.
Ти си еден од најангажираните актери во последниве години. Зад себе имаш повеќе од 40 одиграни улоги.
Ако зборувам за мојот театарски стаж, морам да се навратам на Прилеп, каде што работев четири години и би рекол дека таму начив да одам на сцената. Потоа, две години поминав во велешкиот театар, каде почнав да трчам, да носам поголема одговорност на плеќите. Кога дојдов во МНТ, сфатив што значи да се префрлиш од внатрешноста во главниот град, и таа една ипол година помината таму ми помогна да созреам. Од лани сум член на Драмски, каде мислам дека го добив тоа што го заслужувам. Постојано работам и тоа навистина ми се допаѓа.
Автор: Миодраг Мишолиќ
Извор: www.intervjua.com.mk
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...