vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Колку повеќе рецитирате песнички во кругот на семејството, толку побрзо нивниот едноставен, секојдневен јазик ќе стане дел од животот и говорот на детето. Многу е важно да составите сопствена збирка на песнички, бидејќи за децата важи изреката: „Колку повеќе песнички знаеш, толку повеќе сакаш да научиш“. Рецитирањето песнички е забавно!
Родителите и децата може да рецитираат една или две песнички во нивното слободно време, на пр. додека чекаат ред во супермаркетите или кога подолго време патуваат. Родителите се тие кои треба да ја започнат ваквата активност, но децата често сакаат да придонесат со сопствени идеи. Децата имаат потреба да ги повторуваат песничките; повторното рецитирање им овозможува да размислат и да го подобрат начинот на рецитирање. Тие постојано работат на подобрување на изговорот, но тоа нема да можат да го направат, ако ги брзате и ако не им дозволите да вежбаат. За да воведете нови песнички, подобро е да почекате до планираното време за изучување на песнички.
Време за песнички
Планираното време кое ќе е посветено на рецитирање би требало да вклучи:
• стари омилени песнички
• понови научени песнички
• најнови песнички

Добро е да почнете со една или две стари омилени песнички, бидејќи тоа ќе им помогне на децата од мајчиниот „да се префрлат“ да размислуваат, да се привикнат да го слушаат и да го користат англискиот јазик. Колку пати ќе ги рецитирате омилените песнички ќе зависи од расположението на детето. При второто повторување детето би требало повеќе да учествува, а при третото, доколку постои добро расположение, може да му дозволите и да го поттикнете самостојно да ја изрецитира песничката, или само дел од неа.
Времетраењето на планираното време за песнички ќе зависи од тоа дали станува збор за кратка сесија посветена на англискиот јазик или пак за вовед во подолг час (видете ја книгата на Британскиот совет под наслов Зборувајте англиски со вашето дете). Би било добро однапред да подготвите програма во која ќе ги напишете првите стихови од песничките. Децата кои умеат да читаат на мајчиниот јазик сами ќе можат да го одгатнат редоследот. Подоцна, кога веќе ќе знаат повеќе песнички, може од нив да побарате самите да ја состават сопствената програма.
(продолжува)
1 дел: Учете англиски преку песнички
2 дел: Одбирање песнички
3 дел: Како да рецитирате песнички
5 дел: Приредби
6 дел: Изработка на книги со песнички
7 дел: Читање песнички
4
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?