vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еден сиромав чоек седел до некој чорбаџии и слушал што се разгоараа. Муабето му бил за оти имало многу глувци. Поголемиот чорбаџија велел оти глувците му го изгризале железото што го продал на дуќан, и сите му го потврдиле зборо.
- Вистина, вистина, чорбаџии - му рекол сиромаио - има многу глувци, чунки што имав троа брашенце ми го изедоа!
Неќејќи му го зборо чорбаџијата од сиромаио, му рекол:
- Ај не туку лажи, бре чоече, кај јада(т) глувците брашно, да је жито, можи, ама брашно не јадат. Ама не је, браќа, јас као што велам? - му рекол на друзите чорбаџији што биле околу него.
Сите му го потврдија зборо на богатио и го застрамија сиромаио.
- Туф, бре, гиди, јас брашното реков ми го јада(т) глувците, чорбаџиите не ми го потврдија, а пак чорбаџијата рече железото го јадат - тоа што не било до денеска, му го потврдија. Што беше оваа пуста сиромаштија, што ја нема чес? - си рекол сам со себе и уште еднаш не беше пошол при чорбаџиите на муабет.
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...