vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Есен е...ни доцна, ни рана.
Падна веќе и првата слана.
А сонцето чиниш веќе почна да го губи видот
Тенки магли ползат
кон полето, од ридот...
Во шумата, ни песна, ни свирка.
Од презреаното јаболко
еден црвец загрижено ѕирка.
Верверичката на гранка седи,
од есенските дарови зимница реди.
Шишарки, желади, лешници-
шумски плодови, нели?
Црвот ја гледа и вака и вели:
- Вредна соседке, нешто да те прашам...
Зимава каква ќе биде судбината наша?
Сал што ѕирнав од јаболково ме обзеде лад.
Ако продолжи вака
ќе умрам од студ и глад!
- И да ти кажам црву,
ќе ме сфатиш криво...
Ти предвреме си го изеде
јаболкото диво.
Го изгриза однатре како гласно кутре
мислиш сал за денес, но не и за утре.
А јас, еве гледаш, храна уште збирам.
До новата пролет, ќе спијам на мира!
Лакомиот црвец пораката ја сфати,
па засрамен и лут, во јаболкото се врати.