vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ова е само едно од низата откритија кои укажуваат на проблемите што може да ги предизвика константното носење на високи потпетици.
Стучните лица сметаат дека протеините кои се наоѓаат во тетивите на ногата се губат, што води до спуштање на лакот на стопалото. Пропратни ефекти се болка во стопалото и тешкотии при одење. Добра вест е што овие тегоби може да се намалат со лекови кои го спречуваат слабеењето на тетивите. Околу 3,5% од жените во Велика Британија имаат проблем со рамни стапала, а 40% од жените се родени со тој проблем.
Д-р Грејам Рајли, кој го предводел ова истражување, објаснува дека високите потпетици не пружаат права потпора на стапалото, што предизвикува слабеење на тетивите.
Исто така, тој ги предупредува жените кои се љубители на високи потпетици дека ризикот е поголем доколку долго престојуваат во нив. Според тоа, штиклите го зголемуваат притисокот во нозете и лошо влијаат на држењето, па ги загрозуваат колковите и колената, затоа жените кои се во менопауза, во период кога се склони кон остеопороза, треба да ги одбегнуваат високите потпетици.
Лековите кои би го спречиле слабеењето на тетивите се очекува да се произведуваат во наредните некколку години, тврдат британските научници, па затоа дотогаш дамите ќе мора да бираат – или штикли или здравје. Стручните лица истовремено предупредуваат дека и рамните чизми, балетанките и патиките може исто така лошо да влијаат врз здравјето на стапалата, колената и ‘рбетниот столб. Ова особено се потенцира за балетанките.
6
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...