|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Наташа Алексовска Малечка

Редакција Рингераја, 23.11.2021
Животот од мали нозе ја научил на многу лекции а најважната и најтешката е дека сите битки ќе мора да ги извојува сама. "Она што не те убива, те прави посилен" е нејзиното животно мото

image
/11


 

Моментите во кои тишината и е единствен придружник во самотијата, ја научиле како горчливите солзи да ги преточи во инспиративни творби со кои успешно допира до срцата на читателите. 
Вербата и надежта се магични, а тоа го потврдува и животната приказна на нашата авторка Наташа Алексовска - Малечка. 
Секогаш одлична соговорничка, секогаш достапна за дискусија на многу теми, личност која зрачи со топлина, инспирација и позитивна енергија, Наташа овој пат покрај за своето творештво,ни ја отвори душата и за она што е нејзина длабока инспирација и мотивација .
Рингераја: Досега имате издадено пет книги. Како се роди идејата за пишување и како дојде до тоа таа да прерасне во поезија, па во расказ, роман итн...?
Наташа: Инспирација е необјаснив феномен. Кога таа луда жичка ќе ве дрмне во душата и не Ви дава мир, тогаш се случуваат чуда... Понекогаш, дури и несфатливи за нас луѓето. 
Иако, пишувам песни, раскази уште од малечка во основно училиште за време на летни распусти. Но, активно со пишување започнав од 2014 год,.
Рингераја: Што е она што ве инспирира и кои теми ги опфаќате во вашите книги? За која читателска публика се наменети?
Наташа: Теми се мојот живот во минатото и иднината. Оние добри, подзаборавени нешта и одамна исфрлени од колосек од луѓето, а заменети со лоши нешта. Иако, јас сум вечен оптимист дека стари, закоравени нешта кај луѓето може да се променат, само ако тие посакаат. На сила ништо не постигнуваме. 
Во однос на читателска публика, нема ограничување. Моите книги се за сите генерации. Пред с? за луѓето коишто знаат да ги прочитаат и пронајдат скриени одговори помеѓу тие празнини на зборови.
 
Рингераја: Сите досегашни дела ви се самоиздадени. Зошто е тоа така?
Наташа:Кога соработка со издавач е тешко остварлива, тогаш Ви останува самите да се снаоѓате. Не, не е мојот избор, уште од прва книга посакав да имам издавач којшто ќе застане позади мојот потпис. Пробав неколку пати со некои издавачи, за жал не добив одговор од нивна страна. Иако, кај мене издавачи ќе треба да се прилагодат на моите потреби и барања, а не јас на нивните. Ќе објаснам подолу зошто.
Кога сме веќе кај издавачи, немам ништо против нив, само ме иритира факт што многу издавачи не печатат книги од секаков литературен вид, туку прават поделби. А, поделби по било кој основ не сакам. На пример: не печатиме поезија, раскази, туку само романи, крими романи... Дали се запрашале тие издавачи што да прават оние автори што пишуваат само поезија или раскази? Треба да не пишуваат и издаваат книги, кога издавачи не сакаат да им ги земат и печатат како такви. Токму поради тоа, треба да се промени овој факт и издавачи да бидат отворени за печатење на секаков литературен вид на нашите автори. Никогаш издавачи да не гледаат низ призма на нивна среќа, туку на среќа на самите автори. 
Рингераја: Имате ли омилена меѓу вашите книги?
Наташа: Секоја книга е пишувана во различен период од мојот живот и како таква остава свој печат. Сите книги ми се подеднакво драги. Но, ако треба да издвоив една омилена книга, нека биде тоа последната книга збирка кратки раскази - Куфер од желби. 
Рингераја: Работите ли на нешто ново во моментов?

Наташа: Јас сум човек што не мирува. Постојано работам во зависност од инспирација за тој ден. Да, има денови кога воопшто немам инспирација за пишување ништо, но, тогаш читам книги, се дружам со пријатели... 

Рингераја: Каде читателите може да ги купат вашите дела? Се среќаваат ли на полиците на градските библиотеки примероци од истите?
Наташа: Моите книги се продаваат на страница kupikniga.mk 
Секако, трите книги {Посилна од судбината, Трепетот на душата и Танц од воздишки} освен Куфер од желби и Гласот ги има во Книжарница Викели Прилеп. 
Читателите може да ги купат и со порачување на моја страница - https://www.facebook.com/NateMal14knigi
Рингераја: Сите книги ги има во библиотеки: Градска библиотека Страшо Пинџур - Неготино, ЈЛБ Илинден - Делчево. Додека 4 книги, освен последната книга - Куфер од желби ги има во: НУУБ Гоце Делчев – Штип, НУУБ СВ. Климент Охридски – Битола. 
Наташа: Дамнешна желба ми е моите книги да ги има во библиотеки низ градови ширум државата, за да се достапни за читателите. Сепак, ние автори пишуваме за нив, зарем не?

Рингераја: Каква литература читате? Кој ви е омилен жанр? Кој автор ве инспирира? 
Наташа: Романса, драма, раскази, поезија, историски драми. Понекогаш белетристика, биографии и автобиографии, а зошто да не и комедија. Потребна ќе ни биде и тоа како во тешки периоди од животот за да не насмее. 
Омилен жанр немам, но, читам било што од наведено погоре.
Инаку, немам автор кој ме инспирира, бидејќи секој автор има свој препознатлив стил на пишување, којшто треба ние читателите да го откривме преку читање на негови книги.

Рингераја: Активно членувате во читателски групи на социјалните мрежи. Каква е сликата која ја имате за македонците како читатели? 
Наташа: Свеста за читање книги кај наши читатели во последните години се мрдна од мртва точка. Тоа ми е баш драго, кога гледам дека има заинтересираност на читатели за читање на книги, пред с? ако се од наши автори. Но, тука постои уште работа, врвот не верувам дека сме го достигнале кај читателите. Важно е дека почнавме, потоа со текот на времето се ќе биде полесно.
Рингераја:Читате ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоиле?
Наташа: Секако дека ги читам нашите автори. Секогаш им дадам предност на нив, доколку имам нивна книга, прво од нив да ја прочитав, а потоа останати книги што ми се на список за читање. Инаку, не можам да издвоив никој посебно од нашите автори. Не сакам да постои ривалство и некој автор да се најде повреден доколку заборавив да го спомнам. Туку би им препорачала на сите автори да продолжат со пишување, бидејќи за секој од нас постои место под сонцето, којшто порано или подоцна ќе го пронајдовме.
Рингераја: Иако животот не бил праведен кон вас, сепак сте прав борец кој нижи само победи. 
Наташа: Животот ме научил на многу лекции од мали нозе. Најважна лекција е да се борам сама со сите пречки од болести {епилепсија, хипотироидизам, остеопороза, обрната наопаку една страна од желудник, камења во жолчка} коишто ми оставаат трајни печати по моето тело. Таа борба воопшто не е лесна, кога не знаеме како ќе помине секунда од часовникот, за минута, час, ден, ноќ е долг период. Но, научив сама да правам муабет преку надеж и верба, во пакет со тишината, вдишување на тие горчливи солзи и 4 ѕидови во соба и на тој начин да ги победам моите потешкотии. 
Оваа го пишувам од аспект што немам разбирање, поддршка, почит, убав збор за било што од семејството. Мислам дека многу семејства, дури и моето семејство треба да се вратат на повторување на лекции од минатото. За да престанат со повредувања од секаков тип од нивна страна. Бидејќи тие повредувања еден ден на нив ќе им се вратат како бумеранг. Се с? враќа, се с? плаќа, макар и задоцнето да е, тогаш нема лутење. 
Впрочем, затоа ги заболе вистината напишана за нив во прва книга. Го вкусив тој пелин и проголтав од нивното не зборување 3 месеци. По 7 поминати години од прва книга, уште никој од моето семејство немаат храброст да ми честитаат за таа книга. А, искрено не верувам, ниту очекувам такво нешто од нив. За останати книги, (од втора до последна книга), како и за мои учества на конкурси тие како семејство не знаат. Кога не знаат да бидат горди на своето дете и да се радуваат на негови успеси, тогаш ќе одам по патот сама како знам и умеам, без нивна помош. 
Да се надоврзам за издавачи од погоре. Токму затоа, издавачи треба да ми бидат како второ семејство со многу разбирање, поддршка за моите здравствени проблеми од една страна и околностите во какво семејство живеам од друга страна.
Ви благодарам за заинтересираност, да се најде моја приказна на Вашата прекрасна страница. Со надеж, дека и во иднина ќе продолжи нашата соработка.
Благодарност и од тимот на Рингераја, разговорот со Наташа ни претставува особена чест и задоволство. 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
10
Фризури кои ќе Ве направат 10 години помлади!
Разликата меѓу свеж младалачки и стар изглед може лесно да се поправи со вистинска боја за коса, плетенки или пунџа. Не...
3
Разговор со Слаѓан Славенски автор на Плач...
Неговото име е Слаѓан Бишковски. Тој е 20 годишен студент на Земјоделскиот факултет, насока -Квалитет и безбедност ...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?