namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Доколку да, дозволете да Ви го претставиме најдоброто место од каде можете да ја нарачате кралицата на забавата - нејзиното величество - роденденската торта.
Или пак доколку сте поканети на таква забава, на истото место можете да го изберете подарокот за славеникот.
Со креаторката на профилот, Дејана Иваноска, разговараме околу нејзината интересна и креативна работилница , од која излегуваат бројни десерти за миленици.
Рингераја: Како се роди идејата за создавање на овие десерти? Има ли некој миленик кој е заслужен за сето ова?
Дејана: Приказната започна кога во еден телефонски разговор мојата пријателка ми соопшти дека подготвува забава за роденденот на нејзиното милениче кученце, со сите нишани кои при тоа се подразбираат, подароци, десертна маса, балони и се разбира неизбежната роденденска торта.
Јас толку се воодушевив, така што веднаш почнав да истражувам на интернет за развивање на идејата, во смисла, барање на конкретни рецепти за торти за миленици, разни колачи, мафини, бисквити, ролати и т.н. Исто така консултирав ветеринари кои ме советуваа која храна за кои миленици е соодветна, што ми даде насока како да ги комбинирам продуктите при правењето на десертите за милениците.
Рингераја: Кој стои позади овој профил? Дали имате професија која е поврзана со домашни миленици?
Дејана: Јас сум родена во Србија, каде во куќата имавме мини зоолошка градина. Имав можност да другарувам со кучиња, мачиња, папагали, рипчиња, хрчаци и зајчиња. Едноставно ги сакам животните.
Рингераја: Кои производи поточно ги има во вашата понуда?
Дејана: Производите кои ги имаме во нашата понуда се здрави, безбедни, одобрени од ветеринарните служби. Секоја торта ( десерт ) е направена исклучиво за тоа милениче кое е нарачано,во соработка со сопственикот. Се консултираме за храната која смее да ја јаде и обратно,што не смее да јаде и секако ставаме омилена храна.
Во понудата имаме торти, (кои можат да бидат месни или овошни или зеленчукови) зависно од барањата на сопственикот, мафини, ролати, бомбици,колачи во различни облици и вкусови. Во понудата имаме и букети за подароци со храна за миленици, играчки, облека,награди..
Во план ни се уште некои производи што ќе ги произведеме во скоро време.
Рингераја: Тортите се толку убави и примамливи,но претпоставувам сопствениците не смее да добијат парче.
Што има во нивниот состав?
Дејана: Како што погоре напоменав, десертите се исклучиво наменети за миленици и се составени од соодветна храна за нив. Истите се здрави, нутритивно богати, од внимателно комбинирани состојки и вкусни.
Рингераја: Од каде наоѓате рецепти или ги создавате зависно од клиентите?
Дејана: Бидејќи ова е прилично ново кај нас, често сум во контакт со пријателки кои го работаат ова од Србија, Црна Гора, Босна и Израел. Се допишуваме за размена на искуства и споделување рецепти. Многу ми помагаат во реализацијата на моите замисли бидејќи имаат поголемо искуство од мене.
Рингераја: Имаат ли и животните некои алегрии на храна или посебен режим со забранети и одобрени состојки?
Дејана: И животните имаат алегрии на храна, како и посебен режим на исхрана, одобрени состојки итн. Затоа напоменав дека секое нешто (торта, колаче, мафина) е направено специјално за конкретното милениче.
Сите состојки се купени во специјализирани продавници за храна за миленици или во ветеринарни амбуланти а се додаваат и дополнителни органски состојки. Десертите секогаш ги правиме во договор со сопственикот и не додаваме ништо плус надвор од договореното, с? во прилог на доброто на миленичето и да не наштети на неговото здравје.
Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?
Дејана: Од досегашното работење сум презадоволна. Ова го работам со љубов и внимание. Секојдневно добивам пораки и слики од задоволни клиенти. Тоа ме исполнува и прави среќна.
Дејана: Секоја една изработка е уникатна и ми е подеднакво драга. Најголем предизвик се декорациите, зошто од мал избор на намирници треба да се направи нешто многу примамливо на око. Некои декорации ги смислувам сама, за некои ми даваат клиентите идеи, слики, насоки. Некои остануваат на мене и тогаш фантазијата работи.
Секогаш се радувам на новата торта и секогаш ми е предизвик кога има нешто ново.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...