|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Еден бакнеж....Поинаков од сите бакнежи до сега, топли насмеани лица кои ракоплескаат делејќи ја нашата среќа, нашето зачекорување кон нешто поинакво, нешто кое од тој ден се нарекува НИЕ.

/91


Прекрасно летно утро, налик на ветување  дека таков ден носи само убави нешта, ветување кое до вечерта беше исполнето.

Нашата свадба. Конечно дојде и тој ден, сите подготовки, секое неодговорено прашање што и како ќе биде,  стана неважно во моментот кога се погледнавме, знаејќи дека тој ден се наоѓаме токму таму каде што отсекогаш ни било пишано да бидеме.  

Имавме голема свадба, со многу весели гости од кои повеќето беа млади. Масите во ресторанот беа скоро празни за целото времетраење на веселбата. Сите беа на подиумот. Шест часа и повеќе. И млади и стари...

Моментот кој секогаш ќе ми остане во сеќавање се белите гулаби кои ги пуштивме по завршувањето на црковната церемонија. Два симболи на љубовта се вивнаа во небесното синило да ја испратат нашата заклетва на вечна љубов.

Се исплатија и часовите по танц кои ни помогнаа да изведеме интересна точка за отворањето на свадбата.

Се на се прекрасно поминат ден, зачудувачки како на крајот од вечерта возбудата успеа да го потисне уморот, не постоеше ниту трага од физичкиот напор, само задоволна насмевка на лицата и сјај во очите .... Тоа беше нашиот ден, ден кој засекогаш ќе остане врежан во нашето сеќавање, спомен на кој со задоволство ќе се навраќаме во иднина.

29 август 2010 година. Еден бакнеж....Поинаков од сите бакнежи до сега, топли насмеани лица кои ракоплескаат делејќи ја нашата среќа, нашето зачекорување кон нешто поинакво, нешто кое од тој ден се нарекува НИЕ.

Од тој ден чекориме заедно, решени да ја изградиме вечноста, сигурни дека по многу години ќе можеме да раскажеме прекрасна љубовна приказна.

 

Ваша Беатрис

 

И Вие може да ги споделите Вашите моменти од свадбата со Рингераја семејството. Вашите фотографии, надополнети со краток текст ќе ни ги доловат свадбените моменти и ќе ни ја разубават Рингераја. Доколку имате и видео истото може да ни го испратите или да го поставите на youtube и да ни проследите само линк. Содржините може да ги испратите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк на е-адресата: barbara.sinadinoska@ringeraja.mk.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се вратите во форма 1 година по ра...
"Што ти е гајле како изгледаш кога имаш толку слатко бебе?"
4
Фото: Мајка која инспирира со својот стил
Амбер Филерап Кларк е блогерка и мајка која инспирира со својот стил. Погледнете ги совршените модни комбинации на оваа ...
3
Половина час шетање - лек за телото и духот
Половина час дневно веројатно го поминувате на интернет. Половина час го поминувате во сообраќајните гужви. Половина час...
3
Неколку факти за Венеција
Интересни факти за Венеција, кои не сте ги знаеле
3




Анкета

вежбање
lp136

Колку често вежбате?

Воопшто не вежбам (60%)

1-2 пати неделно (0%)

3 пати неделно (20%)

Секој ден (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!