vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
1. Карневалот во Венеција се одржува уште од 11 век со прекини. Оваа година тој се одржува од 26-ти јануари до 14-ти февруари.
2. Најдолгата улица во Венеција е широка 53 сантиметри.
3. Секоја година Венеција ја посетуваат околу 18 милиони туристи, или во просек 50 илјади посетители на ден.
4. Гондолите се во просек долги 11 метри, тешки скоро 600 килограми, а во градот има 350 гондоли.
5. Мостот на воздишките е изграден за да го поврзи стариот затвор во Дуждиевата палата со новиот затвор преку реката. Еден од ретките затвореници кои успеале да победнат беше славниот љубовник Џакомо Казанова.
6. Венецијанската традиција налага дека паровите кои се возат во гондоли мораат да се бакнат под секој мост за секогаш да останат заљубени.
7. Во текот на карневалот, законот кој забрани носење на скапа чипка беше поништен.
8. Секоја година Венеција ја посетуваат 18 милиони туристи, односно 50 илјади на ден. Најголема гужва е во текот на карневалот со повеќе од 3 милиоти посетители.
9. Постојат 3 врсти на маски, баута, морета и ларва. Баута е маска која го покрива целото лице, нема отвор за устата и целата е позлатена. Може да го покрива и само горниот дел на лицето до образите, за да може да се разговара, јаде или пие, но со неа и понатаму се прикрива идентитетот. Морета е тркалезна маска со црн баршун и вал, која обично ја носеле жени во посета на манастири. Ларва е главно во бела боја и често се носи со триаголен шешир и плашт.
10. Советот на десетмината во 1608. година одобри носење маски само во текот на карневалот. Оние кои го прекршуваа ова правило добиваа сурови казни, од две години затвор до јавно каменување и врзување на Столбот на Срамот
Извор: www.kalabalak.com
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...