vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Совети за вашите заби
Редовнo мијте ги забите
Најважно од се е да имате здрави заби. Од особено значење е навиката за редовно миење на забите. Убаво е видот на пастата да се менува почесто бидејќи различните видови содржат различни активни состојки, кои го чуваат здравјето на венците и забите.
Совети за вашите заби
Плакнете ја устата
По утринското миење заби, устата треба повеќе пати да се исплакне со млака вода, да не остане во неа паста која би можела да доведе до образување на забен камен. На крај треба да се промеша во устата со студена вода за да се тонизираат венците и да се даде белина на забите
Совети за вашите заби
Посетувајте го стоматологот
Дури и да немате расипани заби, барем два пати годишно посетете го Вашиот стоматолог за да ги исчистите забниот камен и наслагите од чај, кафе и цигари.
Пушачите треба особено да внимаваат на оралната хигиена зашто нивните заби многу полесно пожолтуваат.
Совети за убави усни
Наутро крем и кармин
Наутро, откако ќе го исчистите лицето со лосион, ставете дневен крем околу оцртувањето на усните. Кремот треба да е хидратантен. Потоа можете да ставите кармин, но изберете го внимателно, да е во склад со облеката и ноктите.
Совети за убави усни
Ноќна рутина
Навечер убаво исчистете ги усните бидејќи постои ризик од алергија, како и истите да станат суви. По отстранувањето на целата шминка, намачкајте ги усните со крем за хранење, пример какаово масло, за да им се врати влажноста.
Совети за убави усни
Лето vs. зима
Пред изложувањето на сонце во летниот период, од особено значење е на усните да ставате специјален заштитен крем, а навечер - хидратантен крем.
Во зимскиот период усните се сушат и распукуваат па затоа преку ден заштитете ги со кармин, а на вечер со хидратантен крем.
Забелешки:
Некои кармини или лабела можат да предизвикаат алергија. Ако забележите дека усните ви се отечени, има болка или горење по употребата на некои од нив, веднаш без размислување фрлете ги.
Купувајте кармини или лабела без еозин.
Често масирајте ги усните со хидратантен крем, а околу нив ставајте крем за потхранување.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за заздравување по породување
По породувањето, вниманието природно е насочено кон бебето. Но, и тело...
Што може да го ослаби имунитетот?
Имунитетот е нашиот природен одбранбен систем. Тој постојано работи во...
Знаци дека телото е дехидрирано после раѓање
По породувањето, телото поминува низ големи промени. Крвавењето, потењ...
Колку често јаде и спие новороденче?
Една од најчестите дилеми кај новите родители се однесува на јадењето ...
Стрии, тежина и самодоверба после породување
По породувањето, многу мајки се соочуваат со промени што не ги очекува...