|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со авторката Ивана Јанева

Марина Кљајиќ Петковски, 31.3.2021
Непоправлив емпат - така се опишува себе си Ивана Јанева, авторката на книгата "Зборовите на безгласната девојка", денешната гостинка

image
/11


Исполнета личност која ужива во животот. Верува во своите желби и соништа. И ги исполнува. Борец од раѓање. Кафехолик. Сака животни. Љубител на добро вино и филм. Перфекционист. Непоправлив емпат - така се опишува себе си Ивана Јанева, авторката на книгата "Зборовите на безгласната девојка", денешната гостинка. 


Рингераја:
Од кога пишуваш? За што најчесто пишуваш?

Ивана: Пишувам од кога знам за себе. Многу честа фраза кај авторите, но навистина е така. Пишувам за патувањето наречено живот. За победата и поразот - над себе и други. За љубовта и разочарувањето. За зависта и восхитот. Сум учествувала на натпревари, да, но како помлада. Ми помина желбата да се натпреварувам со други. Сега се натпреварувам само со себе. Сум освојувала и награди како објава на творба во детски весник или збирка. 
    
Рингераја:
Од каде инспирацијата за Зборовите на безгласната девојка? Колку време ја пишуваше и колку време беше потребно за да се реализира истата? За која читателска група е наменета? Колку си задоволна од фидбекот на читателите? 

Ивана: Инспирацијата доаѓа од животот. Од мојот и туѓиот. Од сопствените одлуки и туѓите. Поголемиот дел од текстовите се напишани многу одамна и чекаа да бидат објавени. Ми требаше месец дена време до финалната верзија. Книгата ја издадов сама иако за вториот тираж имав понуди од издавачки куќи. Наменета е за секој оној што ќе се пронајде, а се пронаоѓа. Нека не ве залажува розе корицата - нема розе содржина. Презадоволна сум како сум прифатена. Со читателите си имаме взаемна емоција. Онаа што поврзува.

Рингераја: Членуваш ли во книжевни групи? Што читаш? Омилен автор? 

Ивана: Членувам во доста книжевни групи меѓу кои: "Книжевна терапија", "Моја библиотека - Скриените пораки на видливите букви", "Размена на книги и книжевни муабети", "Читатели на книги - Прилеп". Сите се оригинални на свој начин. Инаку обожавам да читам добар трилер и мистерии. Сакам адреналин. Омилен автор ми е Гиом Мисо.
 
Рингераја: Твое мислење за македонците како читатели?

Ивана: Една добра работа што ја донесе пандемијата е што се зголеми бројот на луѓе што читаат, се радувам за тоа. Мислам дека луѓето полека сфаќаат дека книгата е лек за душа и ум.

1

Рингераја: Какво е чувството да си автор во Македонија?

Ивана: Да сум автор во Македонија? Хмм... интересно прашање. Многу труд и малку слава а нови автори "никнуваат" секојдневно. Да си автор во Македонија кратко кажано е исполнување на лична сатисфакција и ништо повеќе од тоа.

Рингераја: Пишуваш ли нешто ново?

Ивана: Пишувам. Постојано. И да, се крчка нешто ново. ПРЕМИЕРНО ПРИЗНАНИЕ. Се надевам летово ќе изненадам со нешто ново. Еве го одговорот на кои моите фанови долго го очекуваа. Не сум пасивен автор како што некои љубат да кажат, туку едноставно сакам баланс, едноставност и спонтаност. Не сакам да се презаситувам ни себе ни другите. Имам материјал за публикација на 5 книги годишно ама едноставно тоа не е мој стил. Сакам да уживам. Постепено.
 
Рингераја: Живееме во време на пандемија. Како врз тебе се одрази ситуацијата?

Ивана: Пандемијата го смени светот. Ме смени мене. Ми помогна да си остварам долгоочекувана животна желба - да се остварам како автор. А да се почне нешто ново во ова време невреме навистина е предизвик.

Рингераја: Каде може да ја купат книгата читателите?

Ивана: Искрено не очекував дека за неполна година ќе направам 2 тиража од книгата. А уште помалку очекував да има толку продажни места на книгата низ земјата. Може да се најде во:


Скопје (Книжарница Полица, книжарница Топер, кафе книжарница The coffee CINO);
Штип (Книжарница Мист и кафе книжарница Арт);
Пробиштип (Книжарница КИ-ЕЛ и книжарница ДООЕЛ Н&АА);
Кратово (Книжарница Ох Мегдан);
Битола (Кафе книжарница Везилка и виртуелна книжарница Книжарот од широк сокак);
Гевгелија (Книжарница Ние Пром);
Неготино (Книжарница Бонига);
Струмица (Книжарница Мозаик);
Kupikniga.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дејвид Бекам разголен во реклама за долна ...
Славниот убавец Дејвид Бекам креираше колекција на долна облека за шведската модна куќа H&M која ќе се продава ексклузив...
3
Ако сексот боли
Истражувањата покажуваат дека скоро половина од испитаните жени чувствуваат болка во текот или после сексуален однос. Бе...
3
Скриени писма: Вечен негативец
И да... Водиме битки, а можеби и војна. Понекогаш, замисли тоа и ме смее, понекогаш ме прави болно задоволна, но најчест...
3
Новогодишни украси во тегла
Неколку прекрасни идеи за новогодишни украси
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?