namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Доколку сакате сериозно да се посветите на губењето на масните наслаги, морате цврсто да се држите до планот за вежбање и исхрана. Со зголемување на физичката активност и добар кардио тренинг, добри вежби и помалку јагленихидрати во исхраната, првите резултати ќе ги имате за месец дена.
Намалете го стресот
За настанување на стресот главен виновник е хормонот кортизол кој го зголемува апетитот и заради тоа маснотиите се насобираат околу струкот и на стомакот. Иако кажуваат дека јогата е добра за стресот, таа бара силна концентрација и силен интелект, така што не може да се каже дека јогата го намалува стресот. Јогата е начин на живот и животна филозофија, а не само обична вежба. Некому, во исфрлање на стресот како терапија ќе му биде кардио-боксот, но се' зависи од индивидуата.
Исфрлете ги лошите навики
Здравиот начин на живот е многу важен за виткиот изглед. Ако не успеете потполно да ги исфрлите лошите навики, барем потрудете се да ги намалите на минимум, како пушењето и консумирањето на алкохол.
Правилно држење
Своето држење ќе го подобрите доколку го држите грбот исправен додека седите. Додека Ви е кичмата исправена и стомакот ќе Ви изгледа порамен, а Вие ќе имате поголема самодоверба.
Течности
За поздраво и побрзо слабеење потребно е да се пие повеќе обична вода за организмот да може да се прочисти од токсините. Сепак не треба да претерувате. Едноставно водете грижа за тоа да не бидете долго време жедни ни во текот на денот, ни заа време на тренингот. Незасладените чаеви и свежо цедените сокови исто така се сметаат во течности.
Корегирајте ја исхраната
Доколку го намалите внесувањето на јагленохидрати, сте го намалите внесот на калории и шеќери кои се претвораат во масни наслаги. Потребно е да ја исфрлите брзата и масна храна и да го зголемите консумирањето на свежо овошје, варен зеленчук и храна богата со влакна. Храната која е сиромашна со растителни влакна е една од причините за дебелеење.
Секојдневно внесувајте житарици со јогурт или млеко со намалена количина на масти и пијте што повеќе вода и незасладени чаеви.
Во текот на денот би требало да имате 5 оброци: појадок, ужина, ручек, уште една ужина и вечера. Иако 5-те оброци Ви звучат многу важно е дека ќе јадете почесто, а помалку, за да го спречите прејадувањето на крајот од денот, а така ќе имате и пов еќе енергија за напорниот ден.
Телесни вежби
Кога имате за цел да го изгубите салото тогаш е подобро прво да правите телесни, па потоа кардио вожби. Во телесни вежби спаѓаат стомачни вежби и склекови. Сите видови на стомачни вежби ќе Ви помогнат во зацврстување на стомачните мускули. Класичните стомачни мускули се прават на следен начин: фиксирајте ги стопалата под некој цврст предмет, легнете на под и подигнувајте го горниот дел од телото со рацете над главата. За дополнителен ефект задржете се на агол од 45 степени барем три секунди. направете три серии по 12 стомачни вежби.
Кардио тренинг
Стомачните вежби не се доволни за рамен стомак, туку морате да ги комбинирате со кардио-вежби. Тие ја подобруваат циркулацијата и треба да се прават два – три пати неделно, по еден час. Кардио – тренингот вклучува трчање, брзо одење или пливање.
Како замена за кардио – тренинг може да Ви послужи и помала столица или некој цврст и стабилен предмет на кој може да се качувате до 60 сантиметри. Континуирано качувајте се наизменично со едната па со другата нога. Вежбајте од 15 – 60 минути.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...