vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Оризот е еден од продуктите кои се наоѓаат на менито на секое домаќинство и по неколку пати неделно, благодарение на благотворното дејство врз човечкиот организам.
Заради големата количина на антиоксиданси, помага во нега на лицето и телото. Влијае на сјајот на кожата, ја намалува маснотијата на кожатани ги лечи воспалителните процеси како црвенило, алергија и полесни рани.
Оризот е богат со Витамин Б кој го стимулира растот и обновата на клетките, го забавува нивното стареење, што дава блескав изглед и сјаен тен.
Оризова вода како тоник
Ориз и вода, тоа е се што ви е потребно за само да направите препарат за лицето, но и за косата. Миењето на лицето со вода во која се варел ориз, ја прави кожата помека и може да послуѓи како одлична замена за тоник.
Исто така помага во намалување на брчките на лицето. Доколку ја измиете косата со вода од ориз, таа ќе добие посебен сјај.
Подготовка:
- Водата во која се варел оризот нанесете ја на лицето и оставете да се исуши. Кога лицето ќе ви биде потполно суво, избришете го со памук натопен во дестилирана вода.
- Маската можете да ја користите и за брзинско разубавување на лицето и отстранување на масниот сјај од кожата.

Пилинг од ориз
Доколку сами направите пилинг од ориз, можете да се ослободите од акните.
Направете пилинг од ориз, кафе, сода бикарбона или млеко. Тие ќе ја регулираат природната работа на жлездите, задолжени за лачење на маснотии. Лицето веќе нема да ви биде масно, туку свежо и сјајно.
За многу сува кожа, одлично решение е комбинација од ориз и маслиново масло.
Маслиновото масло ги отвора порите на лицето, а всушност заради затворените пори, кожата е сува. Помага при отстранување на мртви клетки и му помага на телото во процесот на самообновување.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...
Зошто друштвеноста е важна за менталното здравје?
Човекот е социјално суштество, а поврзаноста со другите луѓе има голем...
Последици од честото консумирање газирани пијалаци
Чаша ладен газиран пијалак за многумина е омиленото освежување, особен...
Како да препознаете верен маж?
Верноста не се докажува само со зборови, ветувања или големи романтичн...
Како загадениот воздух влијае врз детското здравје?
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина шт...