vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мерилин Монро била вистинска холивудска ѕвезда, феномен на кинематографијата и фатална жена во која се заљубувале мажите ширум светот.
Монро често ги откривала своите тајни на убавина, па веќе знаеме дека го потопувала лицето во сад со млака вода, никогаш не сакала да се сонча и користела 5 различни бои на кармини за да ги нагласи усните.
Меѓутоа, како успевала да има младешка и блескава кожа?
Овој трик го открила 86-годишната актерка Рене Тејлор во текот на говорот на 50-годишнината од постоењето на театарскиот и филмски институт Ли Стразберг.
Имено, при една средба кога ја прашала во што е нејзината тајна, Мерилин ? одговорила дека секое утро го мачка телото со вазелин, а потоа ужива во 3-часовна купка.
Вазелинот е инаку економично решение за длабинска хидратација на кожата и е особено корисно за омекнување на проблематичните делови на телото како што се лактите и колената.
Се користи и како балсам за усни, ја штити кожата создавајќи непропустлив слој, ги намалува брчките и ја чува нејзината еластичност.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...