|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кое било омиленото јадење на принцезата Дајана?

Редакција Рингераја, 25.1.2017
Откако цели 11 години готвел за кралицата Елизабета, исклучителниот шеф Дарен Мекгрејди бил префрлен во палатата Кенсингтон каде почнал да работи за принцезата Дајана и кралското семејство

image
/11


 

Во ексклузивно интервју, тој открива што таа и малите принцови во тоа време сакале да јадат, кое било нејзиното омилено јадење и од што с? морала да се откаже за секогаш да ја има беспрекорната фигура по која беше позната.

 

Како што готвачот открива, нејзина слабост биле полнетите пиперки, лебот и пудиндот од путер, но тоа биле јадења што таа многу ретко ги консумирала, освен кога имале гости во палатата.

 

Тој ќе каже дека принцезата била многу дисциплинирана и ретко се препуштала на таквите вкусни искушенија.

 

„Таа обожаваше полнети пиперки, но ги јадеше само кога ќе дојдеа гости. На пример, кога доаѓаше Клинт Иствуд, тој секогаш сакаше да јаде печено јагнешко, па целото семејство ќе му се придружеше. Најчесто, принцезата Дајана јадеше готвени компири со белка и пиперки и пилешко месо“, открива готвачот на кралското семејство.

 

За разлика од кралицата Елизабета, таа била многу приземна личност и сакала да поминува време во кујната со персоналот.

Тој се сеќава дека имало денови кога таа јадела житарици за доручек во кујната заедно со сите вработени или пак кога била сама во палатата, секогаш ручекот сакала да го јаде во кујна.

 

„Таа ме научи на многу работи. Кога таа ќе влезеше во просторијата, истата се исполнуваше со светлина. Нема друг начин да ја опишам. Таа имаше некоја магија во себе, секогаш кога и да работеше на некоја хуманитарна акција, профитот се зголемуваше десетици пати. С? што ќе допреше, претвораше во злато. Таа е причината што сите средства од мојата нова книга ги донирав во хуманитарни цели“, се сеќава Мекгрејди.

 

Тој вели дека принцезата секогаш сакала да се храни здраво, во споредба со останатиот дел од кралското семејство.

„Се сеќавам, ќе се симнеше во кујната и ќе го изедеше целото суво грозје што јас го спремав за торта, додека разговараме за различни теми. Кралицата никогаш не го правеше тоа, да се симне во кујна само за да разговара со нас. Секогаш правевме јадења со ниска масленост за принцезата, додека останатите јадеа сосема нешто друго. Пред да загине, таа конечно беше своја, со поголема самодоверба, релаксирана и ги имаше заборавено сите проблеми со диетите што ги имаше претходно“, вели готвачот на принцезата Дајана.

 

1

 

Таа им дозволувала на нејзините момчиња многу често да јадат што сакаат, но никогаш да претеруваат.

„Тие јадеа и пица, моцарела, риба и с? останато што тогаш го јадеа децата на нивна возраст. Принцезата понекогаш се преправаше дека и таа го јаде она што го јадат тие, иако секогаш се придржуваше до нејзините строги диети“, вели кралскиот готвач.

 

Како што ќе кажат многумина, а и тој ќе потврди, принцезата Дајана долги години имала проблеми со јадењето и строгите диети. Долги години таа одбивала да јаде масна храна, јаглехидрати и с? останато што би можело да влијае на нејзината тежина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нови Beauty одлуки
Признајте дека не ги исполнувате ветувањата кои сами на себе сте ги дале, дека не ги цените сопствените одлуки и дека ч...
3
Стрии и телесна тежина: Каква е поврзаноста?
Стриите не се само „женска тема“, не се срам и не се нешто што мора да се крие. Тие се кожа што зборува, за раст, промен...
3
Модерен педикир за лето
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува од нозете. Заборавете на „брзо лакирање за на плажа...
3
Летна нега на кожа
Со доаѓањето на летото, кожата се соочува со нови предизвици: зголемена изложеност на сонце, потење, сув воздух и чести ...
3




Анкета

Бремена
пеперутка16

Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?