|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Сандра Цветковска - фотограф на брод

Марина Кљајиќ Петковски, 30.3.2022
Со работниот ангажман како фотограф на брод, Сандра добива можност да го пропатува светот, за што сведочи нејзиниот Инстаграм профил

image
/11


 

Сандра Цветковска е девојка која за себе вели дека сака да си ги поместува границите на комфорот уште пред да знае дека постои таков термин.

Најсреќна е кога учи нови работи и веднаш потоа има можност да ги примени во пракса. "Сметам дека треба животот да го користам правеќи работи кои мене ме исполнуваат, кои ми придаваат вредност пред се во мои очи." - вели таа. 

Со работниот ангажман како фотограф на брод, Сандра добива можност да го пропатува светот, за што сведочи нејзиниот Инстаграм профил.

Рингераја: Твојот Инстаграм профил изобилува со прекрасни фотографии од различни дестинации од целиот свет. Тоа се должи на фактот што работиш како фотограф на брод. Како дојде до таков работен ангажман?

Сандра: Имав можност да патувам уште пред да ја добијам оваа работа, но благодарение на неа листата на посетени држави дефинитивно се зголеми. Јас се занимавав со фотографија и предходно и веќе имав изградено разновидно портфолио. Во тој момент работев и живеев во Карачи, Пакистан но веќе сакав да ? ставам крај на таа авантура, па еден мој пријател ми предложи да аплицирам како фотограф на брод. Со неколку клика на гугл дојдов до сајтот кој ме спои со агенцијата во Србија и после неколку интервјуа добив понуда за работа.

Рингераја: Како изгледа еден твој работен ден? Со какви с? предизвици се соочуваш?

Сандра: Зависи од тоа дали сме на некое пристаниште или сме на отворено море. Ако сме на некое пристаниште, тогаш на секое трето или четврто пристаниште ги фотографирам гостите како излегуваат надвор. Тоа трае некои 3-4 часа. После тоа сум слободна цел ден или пак имам краток ангажман вечерта, зависи од тоа кога заминува бродот. Сите пристаништа имаат разни времиња на заминување, во зависност од тоа колкава е дистанцата до наредниот град.

Додека пак, кога сме на отворено море, работам помеѓу 9 до 12 часа на ден, некогаш и повеќе. Тогаш знае да биде на моменти напорно, но се додека има динамика и сум опкружена со луѓе, воопшто не ни приметувам како поминува времето. Навистина задоволство ми е да работам со луѓе, а и често знам да одвојам време и од својата пауза за да позборувам со гостите.

Рингераја: Кои од дестинациите што си ги посетила ти оставиле најголем впечаток?

Сандра: Во текот на патувањата како фотограф на брод, Фримантл во Австралија ме освои со белиот песок и опуштените луѓе. Таму бев неколку дена и можев без проблем да шетам сама доцна навечер, бидејќи беше сосема безбедно што не е случај на Карабите.

Пуерто Ваљарта во Мексико исто ми остави впечаток, поради разновидноста од секој аспект. Имаше убави плажи и не толку далеку високи планини со густа шума. Луѓето беа доста дружељубиви, а имав и прилика да се возам во локален автобус. Не знам зошто, но се додека не се возам во автобус некаде, имам чувство исто како да не сум била таму. 

Други градови кои ми оставиле огромен позитивен впечаток се Карачи и Виена. Сосема спротивни и немаат апсолутно ништо заедничко, освен мојата желба да се вратам таму повторно.

Рингераја: Освен таму, каде би се вратила повторно?

Сандра: Би сакала да отидам на некои месец дена во Пуерто Ваљарта и да го искусам како турист/фрилансер. Исто, во Картагена би се вратила повторно, на неколку недели. Тие два града ми беа премногу опуштени и интересни, и дефинитивно се гледам себе си таму.

 

 

Рингераја: Си била во комуникација со многу различни луѓе од светот. Која нација те освоила?

Сандра: На овој брод работев со луѓе од 49 нации, а на предходниот со 52. Предходно, имам соработувано со доста луѓе кои што не спаѓаат во предходните списоци. Тешко е да одвојам една нација, најверојатно бидејќи обожавам да запознавам луѓе и создавам пријателства, а тоа секогаш ми било возвратено. Можам да кажам дека најлесно за комуницирање ми беше со луѓето кои што зборуваа на руски, најверојатно поради тоа што рускиот ми е мајчин јазик и многу лесно ни одеа дружбите. 

Рингераја: Некоја интересна случка која си ја доживеала?

Сандра: На една ексурзија во Коста Рика ни покажуваа разни жаби од кои повеќето беа отровни. Откако излеговме од таа просторија во наредната каде што имаше пеперутки, видов една шарена жаба во дречливи бои како седи покрај патеката. ? ја покажав жабата на водичот, таа само ноншалантно рече, „Да, отровна е“ и продолжи понатака.

Рингераја: Како пандемијата влијаеше врз овој сектор?

Сандра: Оваа индустрија се уште се опорава од пандемијата. Конкретно, компанијата со која што јас работам паузираше со сите операции некои 15 месеци. Многумина останаа без работа, доста бродови беа продадени, а некои компании и банкротираа. Последиците се уште се чувствуваат, луѓето се исплашени да се најдат во заточеништво како што беше случајот на почетокот на пандемијата. Но од друга страна пак, многу гости ми имаат кажано дека им е мило што одлучиле да се дојдат.

Рингераја: Каде беше кога почна истата? Дали имаше пауза одреден период?

Сандра: На почетокот на пандемијата бев во Австралија. Всушност, само што дојдов и бев на почетокот на првиот договор кога веќе беше јасно дека мора сите патници да го напуштат бродот. Паузата мене ми траеше нешто повеќе од година.

Рингераја: Кога си во Македонија често си во природата, обожаваш планинарење. Кој предел од Мк ти е омилен? Што наредно сакаш да посетиш?

Сандра: Ја обожавам нашата убава Македонија. Природата овде е прекрасна, и постојано откривам нови места кога ме оставаат без здив (метафорички и буквално, хаха). Најомилен предел кај нас ми е.. Што и да напишам, ќе згрешам бидејќи имам преубави спомени од целата територија.

Врвовите и падините на Шар Планина се прекрасни. Плат ми има оставено многу убави сеќавања, а Лешница сакам да ја посетам пред да заминам пак. Рибничка Скала на Кораб е првиот врв кој што го качив, и е причината поради која што се заљубив во планинарењето. Оваа година би сакала да се качам на Кораб, највисокиот врв во Македонија, а и на уште неколку други врвови доколку условите дозволат.

Од местата на кои што се враќам одново и одново, би ги издвоила Планинарски Дом Караџица поради прекрасниот поглед и Кањонот Матка. Матка има толку многу патеки за планинарење и планинско трчање, навистина уживам во разновидноста која ја нуди и често одам таму.

 

 

Рингераја: Што би им порачала на читателите кои размислуваат за ваков тип на работа?

Сандра: Доколку имате широк ум и сакате да учите, аплицирајте. Работата знае да биде напорна, истото зависи и од позицијата на која што сакате да работите, но искуството кое што ќе го стекнете таму, не може да се стекне на ниту едно друго место.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заштитете се од изгореници од сонце со диња
Ќе си речете дека ниту едно друго овошје не е подобро за летниот период од лубеницата. Се разбира, лубеницата содржи кал...
3
Интервју со “Величествениот”
Синот и сопругата се најважните личности во мојот живот!
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?