namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Филмски фестивали, гала вечери, награди, добротворни настани, филмски премиери - имаше многу поводи за ѕвездите да блеснат на црвениот тепих. Одбравме 14 од нив, кои успеаја да го привлечат нашето внимание во изминатата 2014-та.
Редењето на ѕвездите е по азбучен ред!
1. Алесандра Амбросио
Топмоделот Алесандра Амбросио секогаш изгледа одлично. Во 2014-та најимпресивен беше нејзиниот настап во Кан, кога носеше асиметричен фустан со кристали на Сваровски, дело на Atelier Versace колекција пролет-лето 2014.
2. Анџелина Џоли
Анџелина Џоли е синоним за класа и стил. Во 2014-та таа обожаваше класични бои и линии. Ќе ја запаметиме со: костимот на Saint Laurent, белиот фустан со црна чипка на Gucci, долгата црна наметка и класичниот мал црн фустан на Atelier Versace, како и сребрените фустан на Elie Saab.
3. Бијонсе
Бијонсе се придржува кон сопствениот стил - поинаков, малку дрзок, но елегантен. Ќе ја запаметиме по долгиот црн фустан на Nicolas Jebran, белиот фустан на Michael Costello и црната наметка со V деколте на Givenchy.
4. Блејк Лајвли
Актерката Блејк Лајвли беше меѓу најпознатите стилски ѕвезди за време на овогодинешниот фестивал во Кан. Најнезаборавната нејзина појава е со црно-белиот фустан на Gucci Premiere.
5. Џесика Частеjн
Џесика Частеjн демонстрираше разновиден стил на црвениот тепих. Освен тоа актерката ги обожува фустаните во боја. Омилени и се модели до колена.
6. Камила Алвес
Партнерката на Метју Мекконахи - моделот Камила Алвес се труди секогаш да изгледа добро на црвениот тепих. На Оскарите таа се појави со бледорозов фустан на Gabriela Cadena за наградите на актерите позираше во жолт фустан на Donna Karan Atelier, а на наградите Еми беше со бел фустан на Zuhair Murad Resort 2015.
7. Каролина Куркова
Моделот Каролина Куркова ги освои погледите за време на овогодинешниот Met Gala Ball со фустанот на Marchesa, колекција пролет / лето 2011.
8. Кејт Мидлтон
9. Кејт Хадсон
Кејт Хадсон беше меѓу ѕвездите за време на Оскарите, кои ни го запреа здивот, со привлечниот фустан на Atelier Versace, направен специјално за неа.
10. Лупита Нионго
11. Ријана
Ријана дефинитивно умее да шокира на црвениот тепих, бидејќи е позната како камелеон во модата. За Met Gala Ball сепак таа се облече во класично бела и ефектна тоалета во два дела, дело на Stella McCartney.
12. Сара Џесика Паркер
Фустанот на актерката од Met Ball 2014 е одличен пример за талентот на дизајнерот Oscar de la Renta, кој не напушти оваа година.
13. Тејлор Свифт
Тејлор Свифт доста го измени стилот во последните 12 месеци и се чинеше дека израсна во модата. За повеќето настани таа се облече во долги вечерни фустани .
14. Шарлиз Терон
Во 2014 најзначајните појави на Шарлиз Терон на црвениот тепих беа во класичните бои црна и бела. За Met Gala Ball таа се појави во црно-бел фустан, а за Оскарите - во црн фустан, и двете дело на Dior.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживув...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?