namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Вљубеник е на рачната изработка, а нејзиното хоби - рачна изработка на накит прераснало во мал бизнис кој денес го води, познат на социјалните мрежи под името @beautiful_m_jewelry.
Рингераја: Видиш сопствен бизнис - изработки од епоксидна смола. Како дојде до оваа идеја? Какви производи има во твојата понуда?
Марија: Мојата страна започна со накит и затоа така и се вика. Со почетокот на пандемијата интересот стивна. Отсекогаш сум сакала рачна изработка, особено изработки од епоксидна смола, па си реков да пробам.
Во понудата има повеќе производи, меѓу кои накит, бележници за книги, украси, приврзоци, подметачи,комплети, вазни...
Рингераја: Колку време е потребно за да се изработи едно парче?
Марија: Зависи што треба да се изработи, сепак потребни се 24 часа за целосно да се стврдни смолата но на некои производи се работи и повеќе дена.
Рингераја: Колку е лесно / тешко да се работи со епоксидна смола?
Марија: За мене воопшто не е тешко, тоа ми е еден вид релаксација, уживам додека изработувам .
Рингераја: Каква опрема е потребна за работа со истата? Дали е потребна претходна обука?
Марија: За работа со епоксидна смола се потребни одредени материјали, како силиконски калапи, дрвени стапчиња за мешање, задолжително ракавици и се разбира - многу љубов и магијата може да започне :)
Во врска со обуката, јас на почетокот почнав целосно самостојно со претходни сознанија од гледање You tube видеа. Но, имаше некои грешки на кои немав решение и одговор па се пријавив на онлајн обука за полимерна глина и епоксидна смола.
Рингераја: Кој производ е најпопуларен?
Марија: Едни од најбараните се бележниците за книги.
Рингераја: Колку си задоволна од досегашното работење?
Марија: Прилично сум задоволна, има побарувачка и ме радува што луѓето повторно се враќаат кај нас, значи ни веруваат.
Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Но,во сиот тој хаос, луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи. Колку Инстаграм е алатка за водење бизнис и допирање до клиенти?
Марија: Искрено, сега с? оди преку социјалните мрежи. Интернет е клучно место каде што може да го понудиш тоа што го изработуваш и да се рекламираш.
Рингераја: Производите се достапни само преку нарачки на Инстаграм профилот?
Марија: Да, преку Инстаграм и ФБ профилите
https://instagram.com/beautiful_m_jewelry?utm_medium=copy_link
Рингераја: Твои идни планови? Можеби некој нов производ?
Марија: Имам многу производи а идеите доаѓаат сами од себе па никогаш не се знае што ново ќе имаме утре.
Рингераја: Што би им порачала на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Марија: Да си го следат својот сон, да го прават токму она што ги исполнува и ги прави среќни, тогаш ќе бидат успешни во својата работа.
Рингераја: Како успеваш да воспоставиш рамнотежа меѓу водење бизнис и мајчинство?
Марија: Мајка на две малечки ќерки и вработена. Јас стојам на тоа дека доколку нешто се сака, с? се може. Добра организација и с? е можно.
? благодариме на Марија за издвоеното време. А вам драги читатели, топло ви препорачуваме да ја разгледате понудата на нејзиниот профил.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...