vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ретки се оние кои после празниците и домашните специјалитети не добиваат по некој килограм повеќе. Со помош на нашите совети, за брзо може да го симнете празничното стомаче.
Набавете куче
Ако не сакате да имате куче како обврска, или едноставно за тоа немате услови, тгаш понудете се да го почувате, или само да го шетате кучето на вашите комшии или пријатели. Кај кучињата нема компромис и со нив не можете да лежете цел ден, туку морате да го шетате по неколку пати на ден. Направете малку подолга прошетка со кучето низ паркот, или низ вашата населба.

Поделете ги остатоците од храна
Прославата на Божиќ трае два дена, а остатоците од празничната храна траат уште долго, што никако не е добро за вашата линија. За да го решите овој проблем, поделете ги остатоците од храна на семејството, пријателите или на комшиите. Покрај тоа што ќе ја намалите можноста за дебелеење, ќе направите добро дело.
Преправете ја листата на приоритети
Дури и во текот на празниците вашето здравје нека биде на прво мест на листата на приоритети. Ако малку сте се опуштиле со менито, немојте да се опуштате кога е во прашање физичката активност. Одвојте еден час во денот за да прошетате, да отидете до теретана или на час по јога.
Направете здрава верзија на храна за утеха
Наместо пилешко месо пржено во куп маснотија, направете малку поздрава варијанта која ќе ве утеши во постпразничниот период, кога еуфоријата ќе помине.

Потребни состојки:
- ¾ чаша крутони (сув леб сечен на коцки и пржен во путер)
- 4 парчиња пилешки стек
- 1 лажица путер
- 2 лажици сенф
- Зачини по желба
Вклучете ја рерната на 200 степени, ставете ги крутоните во кесичка и иситнете ги со помош на оклагија. Во сад измешајте го путерот, сенфот и зачините и со таа мешавина премачкајте го пилешкото месо. Местото ставете го во плех кој сте го обложиле со масна хартија, посипете го со дробените крутони и печете 35-40 минути. Послужете го ручекот со свежа салата.
Одете во теретана
Одвојте час време и одете да вежбате во теретана, каде професионалци ќе се погрижат за вашата фигура.

Здравите грицки, оревите, лешниците, бадемите и сувото овошје нека бидат ваш избор додека не го симнете празничното стомаче.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 н...
Треба ли да ослабнете пред да планирате бременост?
Кога се планира бременост, често се поставува прашањето дали прво треб...
Дали мултивитамините влијаат врз забременувањето?
Кога планирате бременост, природно е да се запрашате дали мултивитамин...
Редовни контроли и следење на мајката и бебето
Бременоста е период исполнет со убави моменти, но и со многу промени в...
Како телото реагира на бременоста?
Бременоста е многу повеќе од растење на стомакот. Од моментот кога ќе ...