namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
За поголем дел од луѓето разговорот за зголемување на платата е неповолен, дури и малку стресен. Токму од таа причина пристапот во оваа ситуација е исклучително важен. Во голема мера токму од него зависи дали вашата желба ќе биде задоволена или пак не.
Во работната средина износот на парите што еден вработен ги добива, е директно поврзан со самодовербата и неговата амбиција за работа. Кога еден човек смета дека не добива доволно пари за својот труд, промената на ситуацијата не е секогаш лесна.
Тоа сепак не треба да ве одвраќа, ако планирате да побарате покачување на платата. Во случај дека сметате дека заслужувате да добивате поголема награда за својата работа, тогаш дејствувајте и не одложувајте премногу долго.
Пред тоа сепак, одговорете на неколку прашања со кои ќе направите самооценка дали навистина заслужувате зголемување на платата:
Дали целосно ги поседувате квалитетите кои се бараат за вашата позицијата?
Ве познаваат ли како човек кој секогаш ја завршува својата работа?
Понекогаш прифаќате ли дополнителни задачи - надвор од вашите одговорности?
Дали колегите бараат од вас совет или пак помош?
Дали ви се допаѓа постојано да учите нови работи поврзани со вашата работа и позицијата?
Смета ли некој во вашата компанија дека сте незаменливи? Или барем многу тешко би се нашол вработен како вас?
Дали вашата работа секогаш има добри резултати?
Ако одговоривте на повеќето прашања со "да", тоа значи дека е време да спроведете непријатен разговор за пари со вашиот шеф. Еве неколку совети кои ќе ви бидат од помош:
Знајте ја вредноста на својата работа
Токму како што и секој производ има цена, секој труд има својата пазарна вредност. За да најдете каква е вашата, направете споредба со други компании или пак погледнете сајтови за огласи.
Бидете реални
Најверојатно вашата позицијата има некаков максимален праг и вие нема како да очекувате да земате повеќе од тоа. Не треба да правите споредба со вработените кои се на различни и подобро платени работни места во истата фирма. Ова може да ви се чини неправедно, но така се одржува работниот свет. Истото е и со автомобилите - еден автомобил од најпознатите и скапи брендови се продава за многу повеќе пари отколку автомобил со речиси идентични параметри, понуден од друга компанија.
Не заборавајте ја самодовербата!
Ако вие самите не сте убедени дека заслужувате повеќе пари, ќе ви биде тешко да го убедите и својот шеф во тоа. Значи бидете "вооружени" со факти - Кои се вашите квалитети, одговорности, достигнувања и на база на нив побарајте зголемување на платата.
Фокусирајте се на заслугите, не на причините
Компанијата не е заинтересирана дека имате кредит и големи трошоци за кои се потребни повеќе пари. Не молете за зголемување на платата во тој случај. Наместо тоа објаснете точно и јасно зошто заслужувате поголема плата, истакнувајќи ги силните страни на вработен.
Изберете право време
Најдобро време да побарате повеќе пари е кога сте завршиле некоја голема и важна задача, сте одлучиле за некаков проблем или пак сте добиле повеќе одговорности. Ако во фирмата скоро имало пад во продажбата - јасно е дека ова е лошо време за барање на зголемување на платата.
Ако ви откажале - не запира тука
Не се срамете од фактот дека сте побарале повеќе пари. Не се срамете и од фактот дека ви ги откажале. Наместо тоа, размислете за овие можности:
Ако вашиот шеф не изгледа убедлив во одбивањето, прашајте го што можете да направите за да се добие зголемување на платата.
Ако вашиот шеф одговори дека сега фирмата се наоѓа во лош период, побарај барање да биде преразгледано повторно кога е можно.
Ако ви биде одбиено зголемување на платата, обидете се да се договорите за било какви бонуси.
Ако пак сносите дополнителни одговорности и задачи, но не сакаат да ви дадат повеќе пари за тоа, време е да си побарате нова работа.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...