|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прво интервју на Северина по породувањето

Редакција Рингераја, 2.6.2012
Милан и јас се расправаме како куче и маче. Ние сме како сите млади парови, се сакаме, добивме дете, а тоа подразбира дека се бакнуваме, се гушкаме, се расправаме и се смируваме. Но најбитно е дека се сакаме и обожуваме и тогаш се' е полесно

image
/11


 

 

Северина Вучковиќ вечерва во финалето на “Survivor” ќе го има својот прв медиски настап по девет месечната пауза заради бременоста и породувањето. Поп ѕвездата го даде своето про интервју по породувањето во кое открива дека живее на три адреси и дека раѓањето на синот го изменил нејзиниот однос со вереникот, српскиот крал на бакарот Милан Поповиќ.

- Велат дека мајчинството е најтешката и најубата работа на светот. До сега го искусив само најубавиот дел. Во првите два месеци секоја мајка е претворена во автомат за млеко и менување на пелени и до тогаш се уште не знаеш дали си добра или лоша мајка, бидејќи немаш никаква повратна информација... Меѓутоа, кога мојот ангел прв пат ми се насмеа, тоа ми беше едно од најубавите чувства во животот.

 

Каков е малиот Александар?

- Веројатно секоја мајка го фали своето дете, но моето навистина е најубаво. Пресладок, има големи очи, љубопитен е. Кој и да зборува тој го гледа. Се однесува како мал господин, се' го интересира. Неверојатно за дете кое има само три месеци.

 

Дали се навикна на обврските околу бебето?

Кога излегов од болница добив уште четири до пет килограми, бидејќи јадев за да можам да дојам. Не сакав да го дохранувам бебето, бидејќи мислев дека тогаш нема да бидам добра мајка. Имам многу дилеми, како и секоја новопечена мајка. Жал ми е што не го послушав советот на пријателката да се слушам само себеси, а не другите, да се затворам во соба и да бидам сама со своето дете. Дури сега сфаќам дека најдобро ни беше во болницата, бидејќи цело време бевме посветени еден на друг. Му пуштав музика, му читав книги и така заспиваше.

 

Како сега го заспиваш синот?

Секогаш му ја пуштам својата нова песна и играм со него во станот. Многу е весел и се смее. Штом помислам на него веднаш ми доаѓа млеко. (се смее)

 

Каде живеете ти и Милан

Од Сплит отидовме во Белград, па во Загреб. Можеби тоа некому му е чудно, но јас така живеам веќе дваесет години. Нас тоа ни е нормално, па и Александар ќе се навикне.

 

Дали со раѓањето на синот се промени вашиот однос?

Разговаравме дека тоа требаше да го направиме многу порано. Ние сме како и сите млади парови – се сакаме и добивме дете, а тоа подразбира дека се бакнуваме, се гушкаме, се расправаме и се смируваме...Но најбитно е дека се сакаме и обожуваме и тогаш се' е полесно.

 

Какво е чувството да се вратите во светот на естрадата?

Кога дојдов, нозете ми се тресеа, бев подгрбавена, се криев, но штом се вклучија камерите, тоа чувство исчезна.

 

Што планираш по настапот на “Survivor”?

Одиме на одмор. Едвај чекам да легнам на плажа, син ми да лежи на мене и така да го поминеме цел ден на море. Таа желба ја имам уште откако се породив.

 

Извор: PressOnline

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кондомите и морската вода
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. Но додека пакувате крема за сончање и костим за ка...
4
На кафе кај младата авторка Ева Ристевска
На прв поглед - повлечена и срамежлива девојка, која сака да води долги и длабоки разговори. Како автор, се обидува прек...
4
10 модни совети за бремени жени
Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека не мора да го промените Вашиот основен ст...
3
Нема многу 43-годишни жени кои изгледаат вака
Стефани Сејмур го покажа своето тело во монокини, пркосејќи им на годините
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?