vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Навикнавме босилекот да е често користен зачин во многу јадења, особено по навлегувањето на медитеранската кујна кај нас, а и во многу други земји.
Но босилекот не е само зачин, тој е многу повеќе. Темнозелените ливчиња содржат многу корисни материи за кои тешко дека сте размислувале. Освен што е корисен за здравјето на организмот, босилекот е и добар помошник во одржувањето на вашата надворешна убавина.
За што помага маската од босилек?
За лекување на иритации на кожата и при силен јадеж
Едноставно втријте листови од босилек нежно на заболеното место. Можете исто така да си направите свежо исцеден сок од босилек и да го измешате со сок од лимон. Смесата се применува директно и моментално го олеснува чешањето.
Против акни
Босилекот има антибактериски својства, па затоа е корисен во лекувањето на акни. Потребни се ви повторно само листови од босилек, ситно сецкани. Можете и да ги изблендирате. Додадете малку сок од лимон и нанесете како маска на лицето. Оставете да се исуши и исплакнете со млака вода. Нанесете ја оваа маска 2 пати неделно за подобар резултат.
За нежна кожа
Листовите од босилек помагаат за обновување на сјајот на кожата. Исушете неколку листови од босилек. Изронете ги. Измешајте ги со глина и нанесете ги како маска, растворена со малку вода. Оставете да дејствува 15 минути и исплакнете.
Оваа маска се препорачува за примена барем 2 пати неделно.
При борба со првутот
измелете неколку листови босилек со амла во прав (се наоѓа во продавниците за здрава храна). Додадете неколку лажици топла вода и мешајте додека не стане смесата изедначена. Нанесете и почекајте околу 30 минути да дејствува врз скалпот.
Ова природно средство е одлично и многу ефикасно против првут.
За побели заби
Знаеме колку се штетни хемиските средства за белење кои ги применуваат стоматолозите. Со векови босилокот е користен со оваа цел. Изронете суви лисја од босилек се масирајте секоја вечер директно врз забите. Ефектот е многу добар. Освен тоа антивоспалителните својства на босилекот помагаат и при инфекции на непцата.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Аномалиите на матката се структурни или вродени промени во формата и г...
Што е нарушување на овулацијата?
Овулацијата е моментот кога јајникот ослободува зрела јајце клетка. ...
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...