vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Јаглехидратите се основа во исхраната на секој човек. Нивната секојдневна употреба изнесува околу 55% од вкупната количина на енергија, освен ако не сте на некоја посебна “месна “ диета, каде што се забранети сите житарици и млечни производи, а некаде дури и овошјето е исклучено. Искрено овие диети во светот веќе се големо демоде, а Аткинсовата фирма скоро и банкротирала.
Актуелен е нов тренд на следење на висината на шеќер во крвта преку одреден производ што го конзумираме. Бројот кој го обележува производот во овој процес се нарекува гликемиски индекс.
Затоа во текот на денот треба да се консумираат производи со ниска вредност на гликемиски индекс, за да се овозможи константно ниво на шеќерот во крвта (тоа е таа ситост што ја чувствуваме после нивно консумирање). Овде спаѓаат скробните јаглехидрати: тестенините, оризот и легуминозите: грашок, грав, соја. Од друга страна спротивно на ова компирот иако е дел од скробните јаглехидрати, има повисоко ниво на гликемиски индекс и како резултат на тоа побрзо се разложува во крвта, и за пократко време веќе чувствуваме глад, со што повторно и почесто посегнуваме по храна и доаѓа до зголемување на калориите и секако неминовно е дебелеењето.
Во прости јаглехидрати спаѓа групата на шеќери (имаат највисок гликемиски индекс): глукоза, галактоза… Простите шеќери треба да ги избегнуваме затоа што не се разложуваат и одат директно во крвта, во 90% од случаевите ако телото нема потреба од енергија завршуваат како масни наслаги. Најлоша комбинација преставуваат производи кои во својот состав имаат брзи јаглехидрати(со висок степен на гликемиски индекс) и масти, а еден таков производ се чоколадите,тортите…
Може да кажеме дека здравата исхрана се сведува на умереност и разновидност. Мој совет е да започнете со мали чекори кон правилниот пат за здрава исхрана: замена на белиот леб со интегрален, избегнувајте газирани и обични сокови кои се целосно составени од прости шеќери и намалете го внесот на чоколадо односно редуцирајте го колку што можете повеќе.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...