vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Со гладување само го упропастувате метаболизмот. А за да не се случи тоа значи треба да се јаде. Потребни се мали, квалитетни и чести оброци.
Човечкиот организам е составен од исти материи како и нашата храна. На телото му е потребна здрава и точна исхрана и точен внес на енергија за да можеме да се чувствуваме добро. Потребите на храна варираат од човек до човек и зависат од годините, полот, здравствената ситуација и уште многу други фактори.
За одржување на добро расположение, активност, креативност, а посебно здравје, неопходно е да се воспостави идеална телесна тежина.
Оптимална тежина – идеалната тежина пред се се одржува со правилна исхрана, со помалку калории, а повеке хранливи материи во комбинација со третмани за слабеење кои ќе помогнат во разградувањето на целулитот и намалување на обемот на телото, подобро речено ќе помогнат во преобликување на Вашето тело и губење на таканаречениот изглед - “кора од портокал”.
Храната треба да се зема свесно во умерени количини, онолку колку што му е потребно на самото тело, без додатно натрупување. Потребно е земање на доволни количини вода, чај или природни сокови , за да може организмот постојано да ја има потребната количина течности во ќелиите.
Би Ви препорачала вишокот на килограми да ги симнувате постепено и да си дадете реална цел кон која ќе се стремите, а не диети од типот две јаболка и парче леб на ден и за месец дена ке бидете како модел од Викторија Сикрет. Тоа се бесмислици кои немаат траен ефект и само доведуваат до моментално губење на тежината и изгладнување на организмот. И нормално после тоа следува враќање на тежината, па дури и добивање на прекумерни килограми - познатиот јо-јо ефект . Диетите кои содржат помалку од 800 калории дневно можат да предизвикаат сериозни последици врз Вашето здравје:хормонско пореметување, неплодност, губење на косата, промена на кожата, камен во бубрезите и уште многу други последици. Исто така недостатокот на храна влијае и врз нервниот систем и мозочните ќелии, што може да доведе и до сериозни психолошки пореметувања посебно кај младите.
Ќе Ви претставам табела каде што е изразен потребниот внес на калории за умерено активните жени:
Старосна граница: дневен внес на калории
11 – 14 години 2.400
15 – 22 години 2.100
23 – 50 години 2.000
51 па нагоре 1.800
Општиот позитивен став за самите себе и позитивната мисла само допринесуваат за постигнување на побрзи резултати.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...