vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Учење, забава и многу награди е она што следува за сите Рингерајчиња наредните месеци. Имено, Рингераја.мк во соработка со British Council преку нивната веб страница LearnEnglish Kids подготвуваат многу изненадувања за најмалите почнувајќи од месец мај. Главната идеја е изучување на англискиот јазик преку забава, игра и многу многу подароци. Велика Британија, Лондон, Кралицата Елизабета и секако претстојните Летни Олимписки Игри се главните теми на кои ќе се раскажува, информира, игра и наградува.
Што е LearnEnglish Kids?
LearnEnglish Kids е веб страна на British Council наменета за деца што го учат англискиот јазик како странски јазик.
На веб страната се наоѓаат многу материјали кои може слободно да се користат дома, индивидуално или заедно со другарчиња и родители. Материјалите се професионално подготвени од професори кои работат со деца што учат англиски јазик. Страната е дизајнирана со цел јазикот да се изучува главно преку забава или пак учејќи за некоја друга тема.
LearnEnglish Kids е наменета за дечиња од целиот свет. Таму може да се најдат игри, приказни, песни и многу активности на многу различни теми.
На сајтот, децата можат:
Веб страната има многу содржини и сигурно многу од нив се соодветни за вашето дете. Може да ја искористите и опцијата за пребарување за брзо да го најдете она што Ви е потребно.
Доколку сакате редовно да бидете известени за новостите на LearnEnglish Kids, зачленете се за да добивате newsletter , придружете се на фан страната на Facebook, или следете на Twitter.
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...